Тие на кои им е тажно за Нотр Дам сигурно им е тажно и за Курбиново

17.04.2019 00:52
Тие на кои им е тажно за Нотр Дам сигурно им е тажно и за Курбиново

Да се обидеш да ја подигнеш свеста за негрижата за нашето културно наследство е во ред. Но тоа можеш да го правиш преку социјалните мрежи 365 дена во годината.

Да одиш, да сликаш во Курбиново на пример, или едноставно да пишуваш. Ирена Ристиќ покажа со дела како може да се подигне јавната свест и на кај нас како граѓани и кај институциите, во чистењето на ѓубрето и тоа го издигна како важна тема во јавноста. Дури и кога и вршеа силни притисоци, навреди, приведувања, таа опстоја на својата цел и заслужува само почит и честитки. Тоа според мене е вистинскиот пат. Некако ми е неубаво да читам како се користи несреќата со Нотр Дам за критика дека не ни било грижа за Курбиново, биодиверзитетот и слично.

Тие на кои им е тажно за Нотр Дам сигурно им е тажно и за Курбиново, го сфаќаат значењето на загубата. Демек ако сочувствуваш со Париз, не ти е грижа за ангелот во Курбиново?!? Лоша споредба и лош начин за подигнување на свеста.

Јас разбирам да се искритикува двоен морал на некој кој на социјалните мрежи искажал жал за Нотр Дам, а бил директно надлежен и со свои одлуки (не)влијаел за заштитана домашното културно богатство. Но вака општо генерално критикување ми е без поента.

Ние сме дел од светот и светското наследство и човечки и природно е да жалиме и да ни е грижа за секој важен споменик на културата. Нотр Дам е дел од мојот идентитет како жител на светот во оваа епоха и жалам за неа, со надеж дека ќе ја реставрираат.

 

Слични содржини

Став
Општество / Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото