Историска слика од жени-пионерки во медицината

17.04.2019 01:34
Историска слика од жени-пионерки во медицината

Трите жени на оваа неверојатна фотографија од 1885 година се Анандибаи Јоши од Индија, Кеико Оками од Јапонија, и Сабат Исламбули од Сирија. Секоја од нив станала првата лиценцирана докторка во сопствената земја. Сите три биле студентки на Женскиот медицински колеџ на Пенсилванија.

„Ако тајмингот не звучи баш точно, тоа е разбирливо. Во 1885 жените во САД сè уште не смееле да гласаат ниту пак биле многу поттикнувани да учат. Според популарната мудрост учењето претставувало закана по мајчинството“, вели Малика Рао во Хафингтон Пост.
Колеџот бил основан од Квекерите во 1850 г. Тоа бил првиот женски медицински колеџ на светот и веднаш започнал да привлекува странски студентки кои не можеле да студираат медицина во земјите од кои потекнувале.

Извадок од писмото за пријавување на Јоши на ЖМКП:

„Решителноста која ме донесе во вашата земја наспроти здруженото спротивставување од моите пријатели и каста треба многу да ми помогне во остварувањето на целта поради која дојдов, а тоа е да им ја овозможам, на моите кутри, напатени селски жени, вистинската медицинска помош која толку очајно им е потребна, и за која попрво би умреле отколку да ја прифатат од рацете на машки доктор. Гласот на хуманоста е со мене и не смеам да потфрлам. Поттикната сум да им помогнам на многуте кои не можат самите да си помогнат.“

Извор: www.pri.org