1010 hPa
94 %

12 °C
Скопје - Пет, 25.04.2025 03:59
Нова урбана уметничка акција. Низ Скопје паркира кој каде стигне! Колони возила стојат паркирани на улици, булевари, тротоари, на најпрометните места во градот, а парковите и тревниците се претворени во паркинзи. На тротоарите се паркирани возила, а пешаците, родителите со детски колички и лицата со попреченост мора да одат среде улица со сериозни ризици по нивната безбедност.
Таква е сликата за Скопје и сообраќајната култура на граѓаните.
Одметнатите „шерифи“ од владеењето на правото се надмоќни над „пајаците“ и обичните граѓани. За нив „Не паркирај, бушам гуми!“ е само смешен графит!
Затоа, Единицата за брзи артивистички интервенции ја зеде правдата во свои раце и произведе ефектно помагало за непрописно паркираните автомобили – секое непрописно паркирано возило ќе биде казнето со најстрога казна - доживотна робија.
Ѓуле со синџир за тркалото на автомобилот ќе биде казната за непочитувањето на сообраќајните правила и уништувањето на животната средина за сите кои се паркираат каде што ќе им текне.
Дали ова ќе бидат доволно возачите да се сетат каде е вистинското место за нивните автомобили, и најважно, да помислат на другите граѓани?
Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.