Риба контејнер во Градски парк

19.04.2019 12:12
Риба од рециклирано железо за собирање отпадоци

Во Градскиот парк Скопје ќе биде поставена склултура на Андреј Митевски, која е замислена естетски да претставува риба, но да служи и за собирање отпад.

Рибата е изработена од рециклирано железо и има функција да биде канта за отпадоци или контејнер со кафезна конструкција во која отпадот од пластика може да се собира од повеќе места.

Конструкцијата е замислена и дизајнирана да можат и децата да го стават отпадот во овој контејнер. Целта на оваа скулптура е да ги стимулира граѓаните да го оставаат отпадот на соодветни места и да внимаваат на чувањето на животната средина.

Скулптурата ќе се постави до езерцето во Градски парк Скопје, кај кајакарскиот сојуз.

Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество од Скопје.

 

ОкоБоли главаВицФото