Слобода или смрт

19.10.2010 11:15
sloboda-ili-smrt-1.jpg

Конкретниот повод за текстов не е караница во маало ниту судир со некоја неонаци група, туку „дебата“ со колега дипломиран политиколог, кој јавно изрази желба живи да ги запали педерите.

Одржувањето на Парадата на гордоста во Белград очекувано се одрази и на македонската јавна (и не многу јавна) дебата, па во изминатите неколку дена можевме да проследиме многу коментари на темата. Како и секогаш, идентитетот, Господ и традицијата македонска беа главните фактори при дискусијата и, како секогаш, тие придонесуваа за промовирањето на пред сè тупави гледишта како легитимни под превезот на „слобода на говорот“. Во овој текст би сакал да се одговорам на неколку такви аргументи, промовирани од најразлични профили на луѓе. Конкретниот повод не е караница во маало ниту судир со некоја неонаци група, туку „дебата“ со колега дипломиран политиколог, кој јавно изрази желба живи да ги запали педерите, а во тоа беше поддржан од неколку високообразовани личности, меѓу другото и колеги, сега веројатно и магистри на најпрестижните програми во полето на општествените науки во Македонија и странство.

0. „Смрт за педери!“

О: Најдобар показател за нивото на толерантност и отвореност кон нехетеросексуалните сограѓани и за тоа дека „во Македонија нема хомофобија“. Предлагам мотото на македонската парада која треба да се случи што поскоро да биде „Слобода за педери!“ или пак „Слобода или смрт“ или нешто слично во тој дух.

1. „Не бе, шо ќе ги убиваме, нека има педери, повеќе жени за нас ќе останат!“

О: Имајќи предвид дека релативно ограничен број жени се палат на лажни мачовци кои имаат тенденција да се дружат претежно со други лажни мачовци, да се движат во орди и притоа патат од сериозен недостаток на индивидуалност, за оние кои го изјавуваат ова бројот на достапни жени ќе остане ист (читај: многу мал) без оглед на тоа каква е дистрибуцијата по однос на сексуална ориентација меѓу мажите. Впрочем, на „вистинскиот маж“ не му смета ниту целосно хетеросексуална конкуренција, затоа што тој не пати од недостаток од самодоверба па да му требаат таму некои педери за да му се зголемат шансите.

2. „Во Македонија нема многу педери, џабе се дига толкава врева“

О: Во Македонија, како и секаде во светот, од десет до дваесет, можеби и триесет проценти од населението не е хетеросексуално. Тука не се работи за тоа дали вие се сложувате или не, затоа што прашањето е дефинитивно, одговорот дефинитивен, и добиен со научни истражувања. Е сега, ако голем број од нив се сеуште неосознаени или латентни, тоа не значи дека не се геј, на пример. Она што е многу симптоматично е што токму анти-геј ориентираните личности најчесто се оние кои завршуваат како „излезени од плакарот“, извинувајќи се и каејќи се сопственото негирање. Ви ја препорачувам оваа листа на видни политичари (републиканци) и свештеници од САД кои биле хардкор анти-геј, а на крајот биле „провалени“ како се впуштаат во истополови авантури.

Впрочем, местата со најмногу геј секс се местата со најмногу хомофоби: затворите каде што затворениците си се меѓусебни „кучки“; војската каде што секој чека „да ти падне сапунчето“; занимлив е и случајот на фудбалските навивачки групи: конкретно, едно од најголемите „достигнувања“ на Партизановите Гробари е групното силување на водачот на Торцида пред дваесетина години. Истите луѓе во 2001 тепаа педери, а беа спремни тоа да го прават и пред некој ден. Така што, кога размислувате за тоа кој може да биде геј, не заборавајте да ги пресметате токму радикалните анти-геј фанатици (особено хардкор „републиканци“ т.е. ВМРОвци во македонскиот контекст, или пак хулигани/навивачи/друг тип на „снагатори“).

3. „Абе како може машко со машко да биде нормално“

О: Е така, може. Ако не ви се верува, пробајте, може ќе ви се допадне. Впрочем, за многумина не само што е нормално, туку хомосексуалниот секс е и прекрасно искуство. Машката простата, на пример, е неистражен регион, со правилна стимулација може чуда да се случат. Згора на тоа, кога доаѓаме до орален секс, многу разбирливо е од каде уживањето: мажот ја знае најпрецизно анатомијата на пенисот и мажот знае како тоа најтреба; жената е таа која најдобро ја знае анатомијата на вагината!


4. „Да се биде педер е против верата!“

О: Да. Но, против верата е и да се има секс пред брак, да се верува во материјални нешта (како, на пример, пари), да се убива (па макар и педери) и да се краде (па макар и патики за време на анти-геј демонстрации). Против верата се и многу други работи, кои ако почнам да ги набројувам, ќе ми снема интернет.

Оние што го користат овој аргумент сигурно исполнуваат 2 „верски“ критериуми: а) да се биде против педерите; б) да не се размислува логички.

И сепак, да не забораваме дека Господ не постои а религијата е анахрон примитивен систем на вредности кој вродува пред сè со лоши работи. На крајот на краиштата, живееме во секуларна држава во која верскиот аргумент е недоволен за да се дебатираат општествени норми.

5. „Хомосексуалноста е болест!“

О: Уште пред три и пол децении психологијата престанала да ја смета хомосексуалноста за болест. Според моите скромни познавања, мислам дека далеку попатолошки е опсесивно-манијакално да сакаш да тепаш некој само зашто е поинаков од тебе, отколку да сакаш да имаш секс со некој кој што е од истиот пол.

6. „Хомосексуалноста е неморална!“

О: Неморално е да им гледаш на луѓе кои не ги знаеш во приватниот живот. И да ти пречи тоа што го прават. Инаку, сè што се случува помеѓу две возрасни и свесни личности, на взаемна доброволна основа, и со меѓусебна согласност, е сосема морално. Па макар било тоа и сочен анален секс помеѓу двајца мажи.

7. „Европа бара од нас да ги трпиме педерите наспроти нашите традиционални вредности“

О: Никој не бара од тебе да трпиш никого, затоа што не си толку посебен па да треба некој да те тера некого да „трпиш“. Одредени права се здобиваат со самото раѓање. Едно од нив е и правото на слободно уживање на сопствената сексуалност. Тоа право не може да биде „дадено“ или „дозволено„ зашто е вродено. Европа и не е толку важна во целава приказна, реалноста треба да се менува за нас самите (замислете ако имате дете геј? сигурно ќе сакате да има шанса да најде работа и покрај своите сексуални преференци). А вредностите, навиките, „традицијата“ се предмет на константна редефиниција. Еден закон за забрана на пушењето успеа од корен да ги промени пушачките навики; што останува за нешто што не е поврзано со физичка зависност?

8. „Мене не ми сметаат, ама ми смета јавно да се љубат и да се држат за рака“ (надополнето со „Ако моето дете ги види...“)

О: Види богати! Тебе, авторитетот, ти сметале две личности кои јавно манифестираат љубов. Да не е можеби зашто ти не добиваш доволно љубов? Да не е можеби поради љубомора? Што праат бе толку страшно? Шират ЉУБОВ. Ти што правиш? Се противиш на љубовта. А многу веројатно, нит ги знаеш, нит ги познаваш. Дај прибери се малку.

А ако твоето дете ги види, тука нема ништо страшно. Твоето дете е пожелно чат пат да ги гледа и нив како се љубат во јавност, за да не израсне во нетолерантен човек како неговиот родител. Многу од оние кои се грозат од хомосексуалци или кои не можат да си замислат хомосексуалци, се однесуваат како што се однесуваат зашто никогаш немале можност да видат хомосексуалност во пракса. Дополнително, многу пострашно за едно дете е да гледа како родителот му е спремен да убива, како пцуе и шири омраза, отколку да гледа две човечки суштества во љубовен занес.

9. „Мене не ми сметаат, ама не треба да прават паради“

О: Пак контрадикција. Сепак, основниот аргумент за постоењето на парадите е потребата за признавање на инхерентното човеково право на слободна сексуална ориентација. Да го земеме примерот на Белград. Да беше Србија толерантна земја, немаше да има потреба од организација на парада. Да беше не-многу толерантна земја, можеби ќе требаше да има парада, но со минимална заштита зашто никој немаше да излезе со намера „да убива педери“. Но, бидејќи општеството во Србија е нетолерантно, мораше да се организира парада, и тоа не било каква, туку се огромна полициска и политичка заштита. Парадата успеа, работите со тоа тргнаа на подобро, и покрај сето зло, барем јавно се покажа до каде радикалното православие е спремно да оди.

Е така и во Македонија. Парада мора да има, за да се види во какво општество живееме и да се види дали е опасно по живот јавно да се биде различен.

10. „Видиш педерите што направија во Белград“

О: Педерите во Белград не направија ништо освен што се собраа мирно и си прошетаа во својот град. Ништо повеќе, ништо помалку. „Тоа“ (уличната војна) го предизвика дива орда православни хулигани под водство на попови, мавајќи буквално со дрва и камења (и со хебли и слично).

На крајот на денот, педерите освен победници, испаднаа и многу похрабри од ордата православци. Православците најкукавички фрлаа со камења од далеку, собрани во значително поголем број. Плус за нив судирот со полиција, на пример, спаѓа во опис и попис на „работното место“. Педерите тоа го знаеја и очекуваа, и не направија ништо. А кога знаеш дека некој ќе те напаѓа, па макар и да имаш полициска заштита како што имаа тие, излегувањето надвор е најхрабриот (па дури и луд) потег што можеш да го направиш.

11. „Денес педерите, утре педофилите“

О: Денес педерите, а за педофилите има кој да му ја мисли. Парадата на гордоста е парада на возрасни, изградени личности, кои стапуваат во меѓусебни врски на доброволна основа. Чинот на педофилија подразбира отсуство на елементот на согласност и тоа е тоа што го прави криминален.

12. „Денес парада, утре бракови, па после тоа посвојување деца“ или „Падот на семејните вредности“

О: Да, Парадата на гордоста е прв чекор кон целосно исполнување на правата на ЛГБТ луѓето, а посвојувањето деца од страна на истополови двојки меѓу другото го има како една од своите долгорочни цели. Несомнено, во скоро време тие ќе бидат загарантирани низ целиот свет.

Е сега, не се секирајте, не секој хомосексуален пар пукнал да се венчава (исто како и кај хетеросексуалните парови). Од друга страна, глупаво е начелно да ги прифаќате правата за слободно изразување љубов, а таа љубов да не може да биде легализирана. Бракот во современото живеење е многу повеќе правна институција отколку нешто повеќе - работите како заедничко живеење, патување, меѓусебно помагање и регулирањето на имотните прашања се многу полесни ако една двојка е во брак отколку ако не е. Според таа логика, две личности кои се сакаат не можат правно да ја регулираат својата заедница. Нема смисла.

Во поглед на „одбраната на семејните вредности“, доминантната идеја на критичарите на Парадата е дека за едно семејство да биде здраво, треба да е составено од маж и жена, зашто критериумот што го прави здраво е можноста за размножување. Но што правиме, на пример, со хетеросексуална брачна двојка, која е во константни расправии, а можеби е и пример за домашно насилство; дали пијаниот татко кој ја тепа мајката е слика на здраво семејство, само зашто се работи за хетеросексуална двојка со потенцијал да се размножува? По било кои критериуми поздраво семејство е она составено од две личности (макар и од ист пол) кои се сакаат меѓусебно, отколку семејството во кое постои тензија, насилство и омраза, па макар тие биле помеѓу маж и жена.

На крајот на краиштата, доколку размножувањето и биолошката врска помеѓу родителите и децата се единствен критериум за здраво семејство, вие не ги дискриминирате само хомосексуалците, туку и семејствата основани од хетеросексуалните парови кои не можат да имаат дете, и покрај очајните обиди да зачнат, а особено семејствата на самохраните родители кои растат деца, како и оние семејства во кои децата од икс причини се растени со некој кој што не е нивен родител.

И како што веќе реков, „нормалното“ или она што мнозинството го смета за „нормално“ не е фиксна категорија, туку за среќа може да се менува. Едно време не било нормално сите да имаат право на глас, не било нормално секој да се образува, не било нормално да се има секс во најразлични пози со најразлични фетиши, не било нормално сами да си одберете со кого ќе стапите во брак, не било нормално да се мастурбира, да се патува, да се одбива да се оди во војска, да се има свое мислење, секој да има компјутер, да не се пуши во кафеани и слично. Денес овие работи се сметаат за нормални, а веројатно сите ќе бидат изненадени колку брзо и јавното манифестирање на хомосексуалност, хомосексуалните бракови и посвојувањето деца ќе станат нормални и секојдневни работи.

слики: Џек Балас

 

Јачи кандидати од

Јачи кандидати од Божиновски?! Хм, треба да размислам...

Господинот Божиновски

Господинот Божиновски навистина претерува. Навистина неможни одговори. Но, постојат и такви, мора да признаеме, затоа државава ни тоне! Тоне, цело време! 
 
 

Како и по обичај, коментарите

Како и по обичај, коментарите забегуваат вон контекстот (или доменот, како сакате) на текстот. Најсериозно, јас сум геј и можам само да кажам дека во моментов помалку ме загрижуваат оние насилниците од Белград (тие се такви и тоа е суровата вистина, ја прифатиле ние или не) од типовите како Владимир Божиновски. Жално е и страшно што во државава се накотија луѓе што завршија факултети и зазедоа стратегиски функции читајќи само весници. Барем Wikipedia да отвореа понекогаш, па можеби ќе се запрашаат во исправноста на своите ставови и ќе си го подобрат вокабуларот. Или можеби познати им се работите и намерно создаваат тензии, за да ја поддржат својата партија и да им помине времето. Стравот и конфузијата го зголемуваат профитот и нема потреба да ги анализираме филмовите на Мајкл Мур.
 
Прашањето е само до кога вака?
 
Драга Ана, воопшто не гледам на никого од високо и ниту имам намера тоа да го правам. Само мислам дека и Окно се претвори во бљувотина на глупави расправии наместо да биде портал пред се наменет за култура. Очигледно е дека и неговиот креатор пред се мисли на профитот. Одбивам веќе да коментирам што и да било, а колумните отсега ќе ги читам со потполна рамнодушност, бидејќи и тие се политички определени. Веројатно повеќето и ќе ги прескокнувам, па ќе си го трошам времето само на рубриките Култура, Живот, Музика, Филм и сл...

Сексадецимален

Здраво Сексадецимален, не се

Здраво Сексадецимален,
не се секирај ти за Ана. Ана добро си кажа! Јас не верувам дека Ана лошо мислеше. Таа сакаше да каже за некои  нејзини случаеви, но добро го образложи своето мислење, кое се разликува од затуцаните мислења.
Затоа, подобро е да се грижиме за другите работи. Рамнодушноста не е добра според мене. Дури и противењето на господата како типот Божиновски не значи дека ништо не сме постигнале. Напротив, за тоа се потребни генерации.
За жал се е политизирано, посебно кај нас. 
Знаеш како: Вечер --- ВМРО, А1 ---- СДСМ, Канал5 --- ВМРО. И на тој начин можеш веќе да претпоставиш дека се кријат игрици во текстовите. Можеби и грешам. 
Нема друго. За жал! А тоа е голем проблем, бидејќи кај нас, нема критична маса, која би направила нешто. А всушност ниту ВМРО ниту СДСМ не се виновни. Тие беа избрани од народот, а тоа сме за жал сите ние!

 Па не баш сите.   Јас на

 Па не баш сите.
 
Јас на пример, никој не сум заокружил, нити планирам, барем не на државните(Циц е друга работа. :) ).
 
А според одзивот на парламентарните избори, и многу други...

@Упатувач на поплаки и до

@Упатувач на поплаки и до сите негови слични подржувачи-  Друже, од такви како тебе што се кријат под секакви псевдоними а своето име го користат само за да земат членска книшка од партија пропаѓа оваа држава. Ниту имам партиска книшка ниту планирам у наредни 200 години да земам. Мојот одговор на текстот очигледно чепна доста болни умови кој мислат дека се знаат у животот а подалеку од табановце не излегле. Но фала му на Бога постојат телевизии и интернет па виделе и дознале дека негде се прави парада и им се видело така фино на прв поглед и се рекле па зашто да нема и кај нас кловнови по улица, па нека биде македонија земја на циркузанти. Браќа и сестри кој сакате да бидете хомосексуалци или сте подржувачи на хомосексуалноста само едно на ум да си имате, дека никој во оваа држава не ви забранува дома да правите што сакате, абе одерете се ако сакате, само немојте со сила да се наметнувате во едно општество и со тоа да биде во центарот на внимание, верувајте не сте интересни а и ГАДНИ сексуални проблеми имате од кој на овој народ му се повреќа. Немојте да иритирате со тоа што сакате да сте центар на светот, не сте и никогаш нема да бидете центар на светот. Оваа држава има милион поголеми проблеми од тоа дали некој педер го пуштиле во дискотека или не. Да повторам уште еднаш: ДОМА ПРАВЕТЕ ШТО САКАТЕ И СО КОГО САКАТЕ, никој тоа не смее да ви го забрани, се до моментот додека не почнете да ги им упаѓате во очи на оние на кој тоа им смета, со провокации нигде во светот не се решил проблемот нема ни овде. Немојте моите човекови права да ми ги загрозувате со тоа што упорно и со манипулирање дека наводно сте загрозени (иако никој не кажа на кој начин е загрозен) сакате да го прифатам хомосекслуализмот како "нормална" работа.

Мене ми се гади од ќелави

Мене ми се гади од ќелави луѓе...Грди се...
Дали сите треба да ги пикнеме во фрижидер или да ги тераме да носат перика?
П.С. Алопеција Андрогеника (Најчеста форма на машка келавост) е дерматолошка болест според сите медицински авторитети (СЗО итн)

Слушај бе ти, да не постоеше

Слушај бе ти, да не постоеше интернетот јас немаше ни да дознаам дека има и други напатени луѓе како мене и тоа не 10, не 100, не 1000 туку милиони и милиони ширум светот. Години и години поминаа додека да дознаам дека не сум единствениот геј човек на планетава. Ти воопшто немаш претстава како е да се живее затворен во себе, без да има со кого да прозбориш за проблемите што те мачат. Тоа полека преминува во нервоза, па во психоза, па во тешка депресија од која излезот е најчесто во апчиња, дроги, алкохол и (само)убиство.
 
Нашите телевизии сервираат мрак и ги спомнуваат ЛГБТ луѓето само ако се случи некој инцидент. Да не беше кршењето, верувам дека немаше ни да ја спомнат парадата во Белград. До пред некоја година воопшто и не се разговараше за хомосексуалноста во државава, а сега ти велиш дека јас сум сакал да бидам во центарот на вниманието. Ме заболе мене и за центарот и за левицата и за десницата. Само си ги барам своите права на достоинствено живеење. Како што ти излегуваш со твојата девојка на улица и се држиш за рака, така сакам и јас со мојот партнер. Како што ти ја носиш дома твојата девојка и ја запознаваш со твоите родители, така сакам и јас. Како што неколку морони во селото во кое живеам, кои по цел ништо не работат и дремат пред канапчето локајќи ракија од утро до вечер, имаат право на брачна заедница и деца, така сакам и јас. Оти ако тие белосветски шупаци без два дена образование, без ниедна прочитана книга во животот (па дури ни Волшебното самарче) и без мозок имаат право на нормален живот, ИМАМ И ЈАС.
 
За тоа дека наводно имаме некакви гадни сексуални проблеми, можеш и треба да одговараш за клевета. Исто како што твојот компањон Латас тврди оти од секс со хомосексуалци се добивало СИДА, што автоматски значи дека секој хомосексуалец е болен од СИДА. Од каде ли само овие лапрдања? Дури и децата знаат дека СИДА-та се пренесува преку секаков сексуален контакт, што значи и дека преку сексуален однос на маж и жена.
 
Хомосексуализмот е НОРМАЛНА работа. Уште од 1972-3 година е тргната од списокот на ментални болести. А тоа што на нашите политичари им требаше до 1996-та година да ја отстранат затворската казна за хомосексуален акт од законите е правење наудрен и намерно предизвикување проблеми т.е. сеење страв.
 
Колку да те запознаам (бидејќи гледам дека слабо си информиран) во 7 држави во светот за хомосексуален чин се пресудува смртна казна, а во уште 70-ина други затворска казна од 1 до 101 година, што би се рекло доживотна робија. Според тоа, ни најмалку не ти држи тезата дека државата не ми се меша во приватниот живот и дека јас дома можам да си правам што сакам и со кого сакам. А тоа што ти ги сметаш моите човечки барања за провокации, тоа е само твој начин на гледање на нештата. Сосем е нормално да се бунам кога од нешто не сум задоволен. Во Словенија, која е на само 1000 км. одовде и со која до пред 20 години бевме во иста држава, самохрани родители хомосексуалци имаат право да посвојат деца. А кога наскоро ќе биде изгласан и законот за истополови бракови (инаку на хомосексуалците во Словенија од поодамна им е дозволено да го верификуваат своето партнерство, но не како брак), кој е во процедура во парламентот, таква можност ќе имаат и хомосексуалните парови.
 
Луѓето во Македонија не се ништо поразлични од Словенците (и од оние кои живеат во државите каде што веќе се легализирани хомо-браковите и посвојувањата) и ги имаат истите права. Ако сум нормален, ги имам истите права како и ти. Никој не сака да ги загрози твоите права со тоа што ќе излезе на улица и ќе протестира. Правото на демонстрации е загарантирано со Уставот.
 
Човечките права се еднакви и исти за сите луѓе на овој свет. Запамти го тоа веќе еднаш.

Сексадецимален

 Ќе светне и тој ден. :)

 Ќе светне и тој ден. :) Педерско гранапче. :D
 
На гајби од бакарди ќе седите или некој друг таков геј пијалак. 

Браос бе Пчински, ми го

Браос бе Пчински, ми го развесели денов.

:))))))) За жал или за среќа

:)))))))
За жал или за среќа нит пијам (освен за социјализација) нит пушам нит се дрогирам. Не ме интересираат тие спортови. Се убив од работа за подобар живот, а гледам како тој живот е прилично нефер кон мене.

Сексадецимален

Aко се бориш со животот и

Aко се бориш со животот и животот ќе се бори со тебе.
А тој има многу поголемо искуство.

 Пошандрцавте луѓе! Малку

 Пошандрцавте луѓе! Малку смирете живци и не пцујте!
 

Еден куп борци за права по

Еден куп борци за права по портали, фејсбуци и слично. Револуции креваат. Очај. Со „презирачот“ на чело. Само се копира од запад, со 100 години задоцнување, али важно тие се револуционерите. Тоа што од нивните аргументи може само да му се згади на секој педер кој го бранат, е друго дваес. 

 Вуна, ретко лош текст од

 Вуна, ретко лош текст од тебе, ама овој паѓа во конкуренција да го земе приматото. „Аргументи“ засновани на митови нудиш колку ни душа сака (тој со простатата ти е посебно добар), а во емотивните површности кои претендираат да ги победат и глупостите на оние коишто ги критикуваш не ни сакам да навлегувам оти жал ми паѓа искрено. Излезете луѓе од револуционерните „поддршки“ на се узурпирано и диксиминирано и малку разум. Како за почеток фино би било да прочиташ разлика меѓу морал и етика (не голема ама суптилна) за да аргументи ко тој под точка 6 заличат на нешто. Гледањето во однесувањето на другите е ствар на етика Вуна, не морал. 

Пчински, ти си цар! Педерско

Пчински, ти си цар! Педерско гранапче! Каква љупкост! Со гајби од бакарди! Ептен нежно&софистицирано:)

Чувај се од ова педериве, со толку поетичност&имагинација моеш да навлечеш некој настран контра себе... Може ради тоа сме вака проклето груба средина?! Да не навлекуеме настрани... (оти памет, суптилност, интелигенција, поетичност... - тоа е за настрани; седи у ќош, покрај ќумбе, на гајба од скопско, и чувај го гзот од потенцијалните космички потреси /у што спаѓаат и земјотреси/)

Предозираност од ТВ и други

Предозираност од ТВ и други медиуми и следствено грујовизија, Коља. Паранојата ни е фабрицирана, не е крив народот. Тешко е некој да анплагаш од масовната психоза.
А ова хомофобијава, ко да се ракоположи во чин педер, па ај да бегаме од нив.
Ако ти се бега од сивилото, наврати до Куманово. Баш е луцкасто. Си најде чаре народот, не чека на власта, таква или онаква. Малце неетичко решение, но етиката е сепак привилегија на ситите.
 
 

@Сексадецимален - По имево

@Сексадецимален - По имево гледам тека ти иде и математика, "секса децимален". Па ајде ако ти иде математика спој 2+2 да излезат 5, за ова се добива кец у 3 оделение од наставничката...ваљда не е можно...епа пријателе така и ти со твојот партнер неможеш да излезеш на улица за рака фатен и да се лапаш а да нема реакција од околината (околината е наставничката и таа оценува и таа ќе те оцени со кец)
 Види друже у светот има 3 милијарди гладни па светот  го боли тасе за тие истите, каде се нивните човекови права да преживеат? Ти ми збориш за неколку милиони хомосексуалци кој физички се здрави и прави (психички незнам, треба да се прегледаат) изгледаат нормално, се хранат редовно, работат, имаат покрив врз глава итн итн..и неколку милиони ги немале основните човекови права???? Па и мене оваа држава ми скратува многу човекови права...фина работа и плата од 2500 евра, убава кола како у Берлин што возат сите нормални луѓе, чист воздух како у Осло, бесплатно здравство како у Шведска, да имам iPhone 4 за 199 $ како у америка а не за 1000 евра како у Скопје) .
Читам си бил затворен у себе не си можел да кажеш на никој за твоите проблеми, па вероватно имаш мајка и татко на кој си можел да им кажеш и да ти олесни а ако не успеат и тие да ти помогнат ондак ќе си бараш лекарски совет за да не направиш беља и да земеш автоматска и да потепаш пола град, лоша работа е да си затворен у себе.
Седеле неколку морони и пиеле ракија пред сепарација...па нели си ги бараш правата да правиш што сакаш а тие пред сепарација ти сметаат, ама барем тие се пред сепарација и си го знаат местото, ти ни местото не си го знаеш.
Сакаш да живееше нормално со твојот партнер и да имаш деца????????? КАКВИ ДЕЦА БЕ АЛООООО...кој од вас двајца ќе ги раѓа тие деца????? Које е тато а кој е мама???? или 2 и 2 е пак 5.
Како што гледам ти живееш у Македонија, не живееш у тие 7 земји каде што смртна казна ви давале нити у тие 70 каде ве затварале, ти си живееш во Македонија и никој не те закача нити планира да те закача. Сите права си ги имаш, си шеташ каде сакаш со кого сакаш, јадеш и пиеш колку сакаш, идеш до продавница а продавачката љубезно ти дава тоа што сакаш, шеташ низ ГТЦ како сите луѓе, значи не си во затвор колку што гледам. Да не сакаш на Марс да идеш па државата те ускратува тука?? На Марс рано е за идење.
Друже ти можеш да се буниш никој не ти го забранува тоа, ама немој твоето бунење да стане притисок врз мене и да ми се качиш на трепки за да те прифатам каков што сакаш ти да бидеш, дома твојте нека те прифатат, јас НЕ. И наркоманите сакаат да ги прифати народот како нормални ама сите бегаат од нив, не дека се лоши тие по душа туку забегале по лош пат...или можеби за тебе и тој пат е добар??,,,возрасни се нека се дрогираат.
Значи да ја повториме математика уште еднаш за да ти стане јасна...2 и 2 се 4 а никако 5, за погрешно решена задача у средно јас добивав 1.

Ќе го пропуштам пеналов кај

Ќе го пропуштам пеналов кај што призна дека ти ставале кецови у школо. :) Требале и на факултет.
Сепарација? :) Школски фројдовски... :D
Ах бре дете. 

Требале и на факултет да ми

Требале и на факултет да ми ставаат кецови????? Зар постои таква оцена на факултет?? Неписмена раја.

Да. Од правилникот на мојот

Да.
Од правилникот на мојот универзитет, кој сеуште се грижи за високи академски стандарди:
 
Uspeh na izpitu se ocenjuje z ocenami: odlično (10), prav dobro (9 in 8), dobro (7), zadostno (6) in nezadostno (1-5).
Не треба превод. :)
За 6-ка ти треба над 50 проценти, синко.

Да си ја читал Орвеловата

Да си ја читал Орвеловата „1984“ ќе видеше таму дека 2+2=5 (има и една песна од Radiohead, како скратена верзија ако те мрзи да читаш, а гледам дека те мрзи). Таму, Големиот брат т.е. државата им наложува на луѓето да прифатат дека 2+2 не е еднакво на 4. Таа иста држава уништи љубов меѓу еден маж и една жена, контролирајќи го секој сегмент од нивниот живот. Тоа само по себе покажува дека животот не е (само) математика туку и хемија, физика, социологија, англиски, француски, литература, цртање, економија итн... Во уметноста 2+2 можат да бидат и 22 ако сакаш. Нема строги правила. Само треба да си го ослободиш мозокот од стегите што ти ги наметнално општеството.
Искрено, мене ми е грижа за гладните, исто како што сум загрижен и за сите други обесправени кај нас и во светот и јас исто така се борам како што велиш за „фина работа и плата од 2500 евра, убава кола како у Берлин што возат сите нормални луѓе, чист воздух како у Осло, бесплатно здравство како у Шведска, да имам iPhone 4 за 199 $ како у америка а не за 1000 евра како у Скопје“. Затоа, те молам, да не ми нафрлаш нешто што не сум рекол. И мене ми се потребни тие работи како на тебе. Немам јас ништо против овие твои барања.
Велиш „хомосексуалците физички се здрави и прави, изгледаат нормално, се хранат редовно, работат, имаат покрив врз глава итн итн..“ Си чул за онаа, „испод мира 300 вира“? Не знаеш како му е некому во душата така што не збори напразно. А тоа дека не сум можел да кажам ни на моите родители е еден од најголемите проблеми. Ним социјализмот им го испрал мозокот исто како на тебе, па размислуваат како тебе. Ако им кажев, можеше да се најдам избркан на улица, па да се вбројам меѓу 3-те милијарди гладни на кои се повикуваш. Ќе го загубев и она мало парче леб што го јадев. Плус ако се дознаеше наоколу, секој ден ќе го кркав ќотекот од токму спомнатите шупаци пред канапчето. А продавачката да знае дека сум геј и денес нема да ме служи, а не пред 10-ина години кога беше уште поголема штама.
Да сум побарал помош од лекар? Па се уште има случаи во кои психијатри се обидуваат да лекуваат хомосексуалци со разни терапии, иако нема никакви докази што ја предизвикува оваа појава. Точно, јас побарав лекарска помош пред неколку години и ми рекоа дека хомосексуалноста е сосем нормална работа (а не како што ти велиш „психички незнам, треба да се прегледаат“), ама пред неколку. Да побарав пред 15-ина можеби ќе направеа некој монструм од мене, клукајќи ме беспотребно со хормони и затворајќи ме во институции за ментално ретардирани.
Немаме потреба ниту јас ниту мојот партнер да РАЃАМЕ деца. Деца можат и да се посвојат, или никогаш не си чул за тоа??? Плус, лезбејките (и тие се хомосексуалци т.е. хомосексуалки, иако на некои тоа им е чудно) можат да раѓаат. Замисли си, дури и двете :))) Денес барем постојат методи, ете банки со сперма на пример. А може и да најдат некој за една вечер да ги оплоди. Како и да е, повеќе посвоени деца = помалку несреќни на овој свет. Тоа самото по себе ти докажува (како во математиката „ако а = б, а б = ц, дека а = ц“) дека вистинските родители т.е. оние што ќе ги одгледаат децата не мора да бидат и не се секогаш нивните биолошки родители. Има деца исчувани и од баби и дедовци, две тетки или две вујни, самохрани стриковци или самохрани балд'зи. Погледај малку околу тебе.
И по не знам кој пат. Хомосексуалци не е исто што и педофили (педофилите се и хетеросексуалци, педофилите вршат насилна љубов врз деца, со физичко насилство или со измама), не е исто што и наркомани. Наркоман или педофил може да стане некој што не е реализиран во животот, на овој или на оној начин. Не мора да е поврзано само со хомосексуалноста. И пак ми нафрлаш зборови што не сум ги кажал. Јас не велам дека е добро човек да се дрогира, но може да го прави тоа ако е потиштен и угнетен.

Сексадецимален

 Не знам колку години имаш,

 Не знам колку години имаш, ама јас добро се сеќавам што се случуваше во 90-тите кога се дозна за првиот човек во Македонија болен од СИДА. Мислам дека беше Прилепчанец. Како се дозна не е ни битно. Можеби лекарот го издал, можеби некој пријател на кој му се поплакал.
И покрај тоа што кај нас уште од средината на 80-тите имаше информации за оваа болест (дека се пренесува само со незаштитен сексуален контакт, интравенозно или од мајка на новороденче), човеков и неговото семејство (и жената и децата му беа исто така болни од СИДА) ги тепаа, ги покажуваа со прст, не ги служеа по продавници. Тие молеа по телевизии се додека не се направи една просторија на Клиника за да бидат згрижени. А се што сакаа беше само храна и лекови. Денес мислам дека се мртви сите така што нема како да посведочат за своите последни години поминати во мизерија, без да го заслужат тоа. Кај не можеше медицината да им помогне, па мораше и стапот да го јадат.

Сексадецимален

Бидејќи си претпоставил дека

Бидејќи си претпоставил дека сум по математиката т.е. по информатиката, би сакал да ти го кажам и ова:
1. Велиш оти си загрижен што во Македонија има 350.000 невработени.
2. Велиш и дека проблемот со хомосексуалците лесно се решава. Ко што некој рече, треба само да излезат на улица да се покажат и тоа е тоа.
Е па штом е така, јас сметам дека и проблемот со невработените може лесно да се реши. Нека земат нека научат по некој програмски јазик и готово. РМ ќе биде со нула стапка невработеност. Во светов моментално информатичари се бараат како алва. Постојано има потреба од нив.
Но, ниту е лесно да се совлада јазик како C# или Java ниту сите се надарени за тоа. Ни пак секого го привлекува тоа и целодневното дремење пред монитор. А да не зборувам и дека би било сосем идиотски да имаме толку многу луѓе само од една професија. Значи, не се решаваат сите проблеми така едноставно како ти што мислиш.

Сексадецимален

 Заеби C#, лопата и

 Заеби C#, лопата и мотика!
Толкави красни села со огромни атари седат празни, пропаѓаат, а тие што побегнале за да работат во фабрики дремат дома ко стечајци. А и на академциве и експертите не би им било лошо малце да се зазнојат, од време на време. 

Знам, и не само што е жално

Знам, и не само што е жално туку е и страшно. Ама не е земјоделието тема на муабетов, иако можеби е поарно да беше :). Имам јас бавчичка за тренинг, само според теориите на овој Владимир би требало да се иселам од дома, бидејќи нема да можам да ги убедам моите оти сум нормален.

Сексадецимален

Отвори геј фарма :D Со розе

Отвори геј фарма :D Со розе фармерчиња на прекорамки и гучи вили. :) Таман ќе ви иде со геј коперацијата :)

И тоа што викаш. Ама така ќе

И тоа што викаш. Ама така ќе ме натераат да се пропијам, па ќе морам потоа да одам во некое здружение за лечење и од алкохол и од педерлук :)

Сексадецимален

не знам што толку педерите па

не знам што толку педерите па педерите, ја немам видено педери до сега а како се збори ко сите да се! Па и да ги има, зошто да ги тепаме ако ништо не ни имат направено против нас? Нема зошто, ај рчни се со мене па тогаш ке видиш, ако си мирен и си на страна нема да имаш проблем. Тоа е нормален УМ, а болен ум тепа без повод. Зошто никој не збори за лезбејките? Знаете колкав е нивниот број? Или ве пали да гледате две лезбејки како се лижат а вие си седите (неспособни) на страна и си го драпате и си ги задоволувате болните перверзии.

 Ej не ги `рчкај лезбејките

 Ej не ги `рчкај лезбејките после порно како ќе гледаме?

Божиновски, знаеш зашто не те

Божиновски, знаеш зашто не те сакаат во ВМРО? Зашто си бљутаво одвратен дури и за фашистичките стандарди на ВМРО! Човек стално се прашува дали во земјава реално има нешто поодвратно од В. Ѓорчев, А. Николовски итн. - и стално чоек непријатно се изненадува - има. Знаеме дека Окно е еден  од најчитаните сајтови за вмровци, ама тука ли си нашол да пушташ огласи за работа, бе, Божиновски?! И да им се упикуеш у гз на фашистите?! Кој си, бе, ти, имбецилу, да пропишуваш што е нормално а што не е?! Како што ти реков погоре, во Англија е најнормално таков ко тебе да набутаат во затвор, и тоа не на пар месеца туку на пар години, за јавна хомофобија. Не е ваљда, бљутав кооперациски сељаку, дека гранапот од твојто средсело е порепрезентативна мера за „нормалност“ од Лондон, Берлин, Париз, Њујорк?! Реално такви ко тебе земјава ја доведоа на ниво на Авганистан и Иран, не само во материјална смисла, туку и во културна смисла. Ваков талибанизам, налик на твојот, се толерира само во најзебеганите православни и исламски кругови.
Сексадецималниот не копча дека со вас треба да се води војна, на секој јебан чекор, па кој преживее... Ти ја глеаш Македонија ко Техеран, ја го глеам Скопје ко Љубљана... Нејќу да се селам ради тебе насилното говедо, но ќе го бранам и сељакот Сексадецимален, и покрај тоа што е коркач и набутан во плакарот. Јасно е, стоко, дека ќе изгубите. Можете народов да го мафтате дури и уште пар години, но не е можно Македонија да ја преселите надвор од Европа.

Ама убаво си задскриен зад

Ама убаво си задскриен зад "презирач на педери во душа". Гнидо белосветска што кур мешаш ВМРО или СДСМ, никој ниту ги спомна ниту сака да ги спомне у дискусијата. Само болен ум како твојот може нечиј став да го спореди со став на партии, тоа е проблем у оваа држава се се поврзува со партии како човек да неможе да има свој став. Гледаш ти негде да спомнам власт или опозиција???  Немој да се закануваш, играш на опасен терен. Кој си бе па ти да судиш што е нормално или не??? Не ги спомнав ја хомосексуалците у оваа држава, самите се јавија дека постојат, и што сакаат повеќе???? Фашистите со сила сакале да наметнат некој свој стандарди, потполно исто како што вие хомосексуалците или подржувачите нивни сакате да го наметнето тоа со сила. И уште еднаш ти повторувам полека со заканите да не биде повесело од што треба.

Зошто Окно-Вуно-Кољо-Мустра

Зошто Окно-Вуно-Кољо-Мустра типовите се така усијани глави и јазик под секое ниво на изразување а, полни со Патолошка Омраза кон Актуелната власт?
Што им е дефектот?

tepa;ka tepacka ooo

tepa;ka tepacka ooo mazi. Bozinovski aj istaj go na masa da gi so izmerime, gledam samo toa imash da ponudish.Najdolg ti e batka i za toa ne go sobira sekade iako mislish deka mozesh da go metnesh.

Поздрав од Ида Престер.

Поздрав од Ида Престер. :)
http://goo.gl/Mroh

"верувајте не сте интересни а

"верувајте не сте интересни а и ГАДНИ сексуални проблеми имате од кој на овој народ му се повреќа" 
KOj narod vo ovaa drzava be shapshal eden? jas sum del od narodot vo ovaa drzava i mene mi se gadi od vakvi kako tebe, seljak eden neizlezen od Tabanovce!

Да имавме НОРМАЛЕН (европски)

Да имавме НОРМАЛЕН (европски) закон против дискриминација, барем малку ќе им беше стеснет просторот за харање на вакви хомофоби ко Божиновски. Ради тоа е важна политичката борба. Ради тоа изродбениците, меѓу другото, се талибанци.

 Леле, луѓе се растепавте.

 Леле, луѓе се растепавте. Смирете живци, темава изгледа ви крева адреналин? Што се случува со лезбијките некои го поставија тоа прашање, или сакате да ги гледате со двојно дилдо како си се љубакаат?

Вест од Окно: Речиси 25 000

Вест од Окно:

Речиси 25 000 Финци во рок од една недела ја напуштија лутеранската црква по телевизиската емисија во која пратеничката и претседателка на Демохристијанската партија изјави дека христијанинот кој е во хомосексуални односи прави „зло“.

За време на емисијата 220 луѓе истапија од црквата, што е двапати повеќе во однос на бројот на оние што инаку ја напуштаат црквата секој ден, вели Петри Карисма, претставник на интернет страницата во Финска преку која може да се истапи од црквата.

Тој додава дека после овој ТВ настап секој ден од црквата излегувале повеќе илјадници луѓе, што во Финска досега никогаш не се случило. Телевизијата YLE минатиот вторник ја прикажа емисијата посветена на правата на хомосексуалците во која учествуваа повеќе политичари, претставници на црквата и активисти од различни организации.

Претседателката на Демохристијанската партија, Пејви Ресенен, за време на емисијата изјави дека, гледано од перспектива на христијанството, секој кој се наоѓа во хомосексуални односи знае дека прави зло.

Odlichen tekst za srpskiot

Odlichen tekst za srpskiot fashizam:

http://www.pescanik.net/content/view/5831/191/

I rаnjenа zver, sаterаnа od lovаcа u bezizlаzаn položаj, čini tаj poslednji, čisto instinktivni nаpor dа se spаse, nаsrćući nа svoje progonitelje, pа zаšto ne bi ondа i uvređeni, opljаčkаni, poniženi i obesprаvljeni nаrod nаčinio neki nelogičаni i očаjnički ispаd kаd mu vlаst priredi još jedno, sigurno ne poslednje, аli simbolički nаjbolnije poniženje?
Ostoja Simetić[1]

Fašizam se može definisati kao oblik političkog ponašanja opsednut propadanjem zajednice, poniženjem i statusom žrtve, kao i kompenzatornim kultovima jedinstva, energije i čistote, u kojem masovni pokret posvećenih nacionalističkih militanata, radeći u nelagodnoj, ali efektivnoj saradnji sa tradicionalnim elitama, napušta demokratske slobode i posvećuje se ciljevima unutrašnjeg čišćenja i spoljašnje ekspanzije kroz osvetničko nasilje i bez ikakvih etičkih i pravnih ograničenja.
Robert Pakston[2]

Ur-fašizam je još uvek oko nas, ponekad i u civilu. Bilo bi nam najlakše kada bi se na svetskoj sceni pojavio neko ko bi rekao „Želim da ponovo otvorim Aušvic, želim da crnokošuljaši ponovo paradiraju italijanskim trgovima.“ Ali život nije tako jednostavan. Ur-fašizam se može vratiti pod najnevinijim maskama. Naša je dužnost da ga raskrinkavamo i upiremo prstom u svako od njegovih novih otelotvorenja – svakog dana, u svakom delu sveta.
Umberto Eko[3]
 

Ova ko da se odnesuva na

Ova ko da se odnesuva na nashite fashistchinja:
Krajnje je vreme da „Dveri srpske“ prestanu da se eufemistički nazivaju „konzervativnim“ pokretom - konzervativci se ne zalažu za bilo kakve revolucije, pa bile one duhovne, moralne ili ekonomske –  te da se počnu nazivati onim što po svim relevantnim parametrima jesu – fašističkom organizacijom. Ovo nije ni uvreda, ni „etiketiranje“, već argumentovana klasifikacija zasnovana na najsavremenijim teorijama fašizma. Ko se sa takvom klasfikacijom ne slaže, može izaći sa protivargumentima, ali ne može ovu klasifikaciju olako otpisati kao proizvoljnu, tendecioznu ili besmislenu.

„Fašizam je rod

„Fašizam je rod političke ideologije čije mitsko jezgro, bez obzira na brojne varijacije, predstavlja palingenetsku formu populističkog ultra-nacionalizma.“[7] Palingeneza ovde upućuje na preporod, tačnije na preporod nacije koja je ogrezla u dekadenciji i slabosti. Fašizam je dakle, bez obzira na svoje pojavne oblike koji variraju od paganskog, rasističkog i anti-hrišćanskog nacizma, preko eklekticizma italijanskih fašista, do klerofašizma ustaškog pokreta i Kodreanuovog „Gvozdenog puka“, uvek zasnovan na ovom mitu o preporodu nacije i njenog spasavanja od dekadencije kroz fašističku revoluciju. Iz ovog temeljnog mita slede i neke druge nužne crte fašizma – anti-liberalizam, anti-konzervativizam, anti-racionalizam, lažni socijalizam, itd. Grifin piše:
„Predstava o ’naciji’ kao organizmu koji može ’propadati’ i ’preporađati se’ predstavlja suštu suprotnost onome što liberali podrazumevaju pod ovim pojmom. Ovako shvaćena nacija označava organizam sa sopstvenim životnim ciklusom, kolektivnom psihologijom i komunalnom sudbinom, koji u principu obuhvata ceo narod (ne samo njegove vladajuće elite) i u praksi sve one koji su etnički i kulturno njegovi ’prirodni članovi’ i koji nisu zaraženi anti-nacionalnim silama. Kada je nacija koncipirana na ovaj način, koji akademici ponekad zovu i „integralnim nacionalizmom“, „hipernacionalizmom“ ili „liberalnim nacionalizmom“ – ona se pretvara u realnost višeg reda i transcendira život pojedinca koji stiče smisao i vrednost samo u meri u kojoj direktno doprinosi blagostanju celog organizma. Iscrpno proučavanje primarnih izvora fašizma ubedilo me je da se u jezgru fašističkog mentaliteta nalazi fiks ideja posvećivanja, i ako je potrebno – žrtvovanja, individualne egzistencije borbi protiv sila degeneracije koje su navodno srozale naciju, i naporu da ova povrati svoju slavu i veličinu. Fašista je osećao da je on (a uglavnom je to bio „on“) sudbinski rođen na razdelnici između nacionalnog pada i nacionalnog preoporoda. Ovo osećanje je alhemijski preobražavalo sav pesimizam i kulturni očaj u manični osećaj svrhe i optimizma. Fašista je znao da je on jedan od „odabranih“ u inače izgubljenoj generaciji. Njegov zadatak je bio da pripremi teren za novu vrstu čoveka, homo fascistus, koji će instinktivno formirati deo revitalizovane nacionalne zajednice bez potrebe da se prvo pročisti od sebičnih refleksa koje širi civilizacija natopljena egoizmom i materijalizmom.“
 

Се издадоа уште кога се

Се издадоа уште кога се преоблекоа у помаранџесто :). Таа е симболот на егото ставено на пазар, најупадливата боја.
Еве што мислат Индусите:
http://en.wikipedia.org/wiki/Swadhisthana#Function
Колективниот дух ни пати од манијакална депресија, моментално манијакална фаза со примеси на илузии на грандиозност. Групното его бара нов идентитет, и се идентифицира со се' што мисли дека го прави поголемо и помоќно. Чест случај, чест циклус...

 http://theabyssgazes.blogspo

 http://theabyssgazes.blogspot.com/2010/03/teal-and-orange-hollywood-please-stop.html
Заборавив и на таа плавата контрастна. :) Насекаде се овие бои...

Умберто Еко,

Умберто Еко, Прафашизам
http://www.okno.mk/node/1675

Гледате сега дека

Гледате сега дека образованието ни е поважно од се’, не зборам ја џабе. Овој Божиновски политиколог стана, по телевизии се шета, не научил дека глагол и негација не одат заедно, па уште пишува „незнам“ ко првоодделенче, па ќе научел дека хомосексуалноста не е болест. Додека не си го средиме здравството, образованието, а и троа повеќе работни места да има, ни толеранција, ни бутур нема да видиме. И не се крие овие ко Божиновски. Ним толку им сече, криви сме сите што такви ликови ни се фактор у државава бе, у нормална средина ни чистач у градинка не би можел да биде.

Не го фрлајте детето на

Не го фрлајте детето на буниште. Има потенцијал. Не е тој крив што телевизијата и приучените повеќе го образувале отколку тие што требало.
 
Едуцирајте го, поучете го, фино стрпливо, зашто државните институции, толку знаат.
 
Во мое време беа тапа, сега па тангал.
 
Знаењето е сила, ама незнаењето е посилно.

Абе марсовец еден прочитај

Абе марсовец еден прочитај погоре првин дека не сум тој Владимир Божиновски на кого мислиш. Само името ни е исто а ставовите можеби различни, незнам. Од лингури ко тебе што се кријат и плукаат од страна нема државава да тргне на арно, верувај.

Ха, ги заеба автоматските

Ха, ги заеба автоматските мрчатори. :D
Абе кога ќе научите сите (повеќето) да не напаѓате човек, туку ставови?Двете работи не се исти.
Него синко, да преминеме од негативност на позитивно мислење. Место да набројуваме што се' не чини, кажи ти како би ја оправил државава.

Во Белград за време на

Во Белград за време на парадата се слушнала една изјава од тетка во години, парафразирам: „Имате ли вие деца, срам да ви е, сакате ли да ги жените во педерско време?“
теткицава најверојатно е мајка на некој тип од менталниот склоп на погорниот Божиновски. Нормално дека не сака, оти во „педерско доба“ во кое би биле видливи добар дел од тие луѓе, нема да  се најде жена што ќе сака да го земе типчето ко божиновски, кој единствено што ќе може да и' понуди е пикањето во пизда и ништо повеќе. Нормална жена поарно ќе остане сува.  Да, не дај боже да треба да се „удава“ во доба во која на површина ќе излезат и луѓето со интелект, писменост, почит, толерантност, разбирање, чувство за другоста, капацитетот за разумно расудување и чепатење и со други работи освен само со оние од „бога дане“.
Божиновски, несреќо, јас како дел од овој народ едно нешто имам да им кажам на „нормалните“ како тебе. Моето дете, со радост и задоволство ќе го дадам на воспитување и гледање кај голем дел од своите пријатели хомосексуалци (дел и од нив се идиот како тебе) а тебе стадо овци не би ти дала да гледаш не дете - и овца си способен да отупиш со твојата неписменост, ретроградна аналитичка способност и сива материја својствена за единките наречени парамециуми.
Додека на  вакви дебилчиња како тебе им се слуша гласот, не 30 % невработеност и сиромаштија, дупка без дно батка. И 5 милиона педери да се кренат, напатениот народ од бедата околу него нема да се опраи, оти уназадените како тебе се на цена па затоа и „мнозинството“ те поддржува, несреќо планетарна.

Слични содржини

Општество / Квир / Став
Квир / Став

ОкоБоли главаВицФото