А сега можете да ја блокнете невестата

19.04.2019 13:39
А сега можете да ја блокнете невестата

 

Поставете ме за Министер за наука, Господ здравје да ви даде.


Моето сто е посто од твоето.


Ја измеркав монетата од глава до петка.


Може едно станбено прашање?


Сите можни чудесија во светот на банките живеат.


Персоналниот данок има комплекс на додадена вредност.


Ми ѕвонеа на врата двајца множители. Им отворив, а они: Сте слушнале за нашиот производ?


Дали ти, Броител, го земаш Именител за свој животен делител, сѐ дур црта не ве раздели?


Возот се зема со локомотивата и ја однесе со пругата на патување.

 

Тиква и лубеница се растителни магаре и зебра.


Покажи малку почит кон зелката, сармохрана мајка е.


Весниците на пролетта ги апдејтираа своите Terms and conditions.


Грутка на срце и мозочни бразди спремаат аграрна реформа.


Комбајнот не дојде на првиот класен час. Се појави само дигестивниот трактор.


Видов нежен комбајн; нежнееше во житото.


Комбајн е емотивно осакатен ваљак.


Однадвор задоволен самостоен трактор, однатре кука за приколка.


Земјоделец на социјална мрежа има алтер гео.

Сонот на секој Италијанец е да извезуфа лава.


- Кафево е Јакобс, ако нес е, лажам?


Нема лек за рак во хороскоп.


Синестетичар оди на караокер.


Сапиосексуалец чека да му легне знаењето.


Шампон математичар пресметува волумен на коса.


Еж е стаорец на акупунктура.


Штурче се шлепа на тимска работа во CV.


Успехот е 5% штурче, 95% мравка.

И на најдобрите може да им се смучи.


Го убив поводот, причината е следна.


Се осеќам научно-фантастично.


Најдобрите години од томиџерството.


Ако станеш покасно ќе бидеш постар.


Вторник е подолго од јануари.


Ми дојде времето ненајавено.
Не бев јас, срцето со сила ми ги начука годините!


- Колку рече дека е саат?
- Време беше да прашаш.

Те сакам само како профил.


Сакаш да ми бидеш крив?


Да дочитам Terms and conditions и ќе се сакаме.


А сега можете да ја блокнете невестата.


Не знам дали сте свесни, но соблекувањето со поглед трае вечно.


Пробав барок и очите ми се рококорија.


Алегрична сум на класична музика.


Навечер јадам салата со вклучено цвекло.

Слики: Jorge Santos
 

ОкоБоли главаВицФото