Човек и природа

22.04.19 00:49

Унгарската режисерка, аниматорка и илустраторка Река Буши е авторка чиј прв краток анимиран филм „ Симфонија бр.42“ беше избран во конкуреција за награди на Берлинале и на фестивалот Санденс.

Во филмот се работи за ирационалните опсервации за односот помеѓу човекот и прираодата.

Филмовите на Река се пријатни - не секогаш смешни, но се забавни и ја тераат публиката да размислува за она што се случува во реалниот свет. На пример, секој може да ги препознае луѓето во животните и ликовите во филмот, или да препознае одредени ситуации, актуелните теми и проблеми.

„Се обидувам да бидам добар набљудувач на светот и на себеси. Ова води кон некои свесни и несвесни влијанија, кои се вградени во моите дела. Среќна сум што можам да создадам нешто со кое луѓето ќе се поврзат“, вели Река. Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото