Третото издание на изложбата „Поместени граници“ со наслов „Молк за …“

22.04.2019 01:29
Третото издание на изложбата „Поместени граници“ со наслов „Молк за …“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Град Скопје , Министерството за култура и Галеријата на Младинскиот културен центар го организира третото издание на изложбата „Помесетни граници“, оваа година со наслов „Молк за ...“. Отворањето е најавено за 22 април (понеделник) во Галеријата на МКЦ, со почеток од 20 часот.

Како што ќе каже кураторот на изложбата Александра Зиновски Вилиќ „Проектот „Поместени граници“ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што додавајќи му концепт на делото кој говори преку една можеби препознатлива идеја, прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини. Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење“.

На изложбата учествуваат автори членови на ДЛУМ од Р. Македонија како и гости од странство: Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Бекири, Андреј Митевски, Софиа Григориаду, ОПА, Антонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола Узуновски и Ремијон Проња.