По првиот круг Пендаровски во предност со 4.606 гласови

22.04.2019 10:15
По првиот круг Пендаровски во предност со 4.606 гласови

Мртва трка во првиот круг од претседателските избори кои се одржаа вчера. Според резултатите од ДИК, по обработени 99,96 отсто гласачи, Стево Пендаровски победил во првиот круг со 4.606 гласови повеќе од Гордана Силјановска Давкова.

Кандидатот на власта има освоено 323.846 гласови, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ 319.240 гласови.

Независниот кандидат, поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, освоил 79.915 гласови.

Неважечки, според податоците на ДИК, се 32.828 ливчиња.

Излезноста на изборите била 41,82 отсто.