1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 03:59
За само пет недели во Британија ќе се одржи референдум за брегзит. Тоа навидум ќе бидат избори за Европскиот парламент, а всушност се избори пред референдум или ако сакате робустни неологизми преферендум. Значи, пред нас имаме едноставна задача: да се соберат што повеќе гласови за партиите кои го поддржуваат вториот референдум за брегзит на кој, на британските граѓани, би им се овозможил демократски избор помеѓу постигнатиот договор за брегзит и останување во ЕУ.
Ако манифестот на лабуристите подразбира втор референдум, тогаш треба да им се даде глас. Но ако останат неодредени, треба човек да се сврти кон либерал демократите, партијата „ Change UK“, Зелените, Шкотската национална партија (SNP) или кон велшкиот Plaid Cymr. Конечно, поважно од распределбата на пратеничките места ќе биде да се каже: Толку и толку милиони луѓе гласаа за проевропските, про референдумски партии, додека само толку гласале за про брегзитските партии како што е „Ukip“, новата брегзит партија на Најџел Фараж и конзервативците“. Во оваа пресудна пресметка нема фрлени гласови. Секој глас се брои.
Сè уште постои можноста ториевците, заради стравот од изборниот Армагедон на нивната партија, на 23 мај, на последното изјаснување во парламентот сепак да се приклонат кон Тереза Меј и со тоа во последен час ги спречат овие избори, но веројатноста дека тоа ќе се случи е многу мала.
Штета што нашите недвосмислено проевропски и прореферендумски партии немаа време, ниту политичка волја да состават единствен список на кандидати. Тоа се случи во Полска, на пример, кадешто повеќепартиската Европска коалиција истакна импресивен список на кандидати против владејачката националистичка групација на разните полски фаражи.
Новата партија „Change UK“ ги собра некои од најхрабрите независни пратеници во националниот парламент (кадешто седат како Независна група тнр. Tigeri1) и веројатно ќе имаат интересни кандидати за Европскиот парламент. Тоа ќе ја поттикне возбудата кај медиумите и гласачите како противтежа на галамата околу брегзит партијата на Фараж. Но „Change UK“(познати и како Чуки, според водечкиот член Чуки Умуни) нема ништо налик на гласачка машина на национално ниво или војска на терен, као што имаат либералните демократи, па нејзината појава дополнително ќе ги фрагментира проевропските гласачи.
Би можеле да си помислите дека тоа не е важно, затоа што овие избори се по пропрционален систем. За жал, Д’Онтовиот систем на пропорционално претставување кој се применува во Британија за европските избори, ги фаворизира поголемите партии на штета на помалите (дури и повеќе од ривалскиот Сент – Лагиев метод). На овие избори, Британија е поделена на изборни области па тој ефект ќе биде посилен во областите што се помали. Донекаде претставува утеха дека истиот проблем ќе го имаат и Ukip и Brexit партијата.
Уште има простор за тактичко гласање, при кое гласачите во одредени изборни области се собираат околу најсилната проевропска партија. Партиите дури би можеле и премолчено да ги поделат областите и ресурсите. Но практичните ефекти од таков маневар, веројатно би биле слаби. Значи од суштинско значење е фокусирњето на заедничката цел, наместо на партиите. Заборавете ги местата и гледајте ги гласовите. А бидејќи овие избори во основа се референдумско изјаснување, само две бројки се важни: гласовите за и гласовите против.
Излезноста на европските избори во Британија секогаш е ниска. Последниот пат изнесувала 35, 6 отсто, што сепак не е најниска излезност во Европа – кога гласале околу 16, 5 милиони луѓе. Оваа година, европските избори не се поклопуваат со ниедни други избори заради кои луѓето би излегле на гласачките места. На многумина умерени про брегзит гласачи ќе им се чини дека овие избори се бесмислени, кога треба да ја напуштаме ЕУ. За разлика од нив, жестоките брегзитери и жестоките Европјани ќе бидат мотивирани како никогаш досега. Можеби првпат ова ќе бидат избори кои навистина ќе се однесуваат на Европа.
Прво што треба да се направи е регистрацијата за гласање. Крајниот рок истекува за помалку до три недели, на 7 мај. Изборната комисија неодамна објави на Твитер дека една од три личности на возраст од 18 до 34 години уште не се регистрирала да гласа. Студенти и млади луѓе: овде се одлучува пред сè за вашата иднина. Регистрирајте се.
Повеќе од милион граѓани на Обединетото Кралство живее некаде во ЕУ. Ако не сте живееле во странство подолго од 15 години во континуитет, може да се регистрирате и да гласате на својата последна адреса на живеалиште во Велика Британија. Тоа може да биде комплицирано, а крајниот рок наскоро истекува. Државјаните на Велика Британија кои живеат каде било во светот би требало да гласаат по пошта или преку посредник.
Потоа тука се повеќе од три милиони граѓани на другите ЕУ држави кои живеат во Британија. Дури и ако се запишани во избирачкиот регистер, мора да пополнитеи да испратите формулар во кој ќе се изјасните дека сакате да гласате овде а не во својата татковина. Анахронизам е тоа што оваа процедура не може целосно да се заврши онлајн, иако службеникот во мојот локален регистар вели дека би прифатиле скенирана копија испратен по електронска пошта. Граѓаните на Ирска со живеалиште во Британија имаат право да гласаат доколку се запишани во регистарот, како и квалификуваните граѓани на Комонвелтот.
Исто така и Би-Би – Си ќе мора да е подобра од само потсмевањена Џон Хамфри, кој овие избори ги третира како фарса. Станува збор засериозност и должна непристрасност на нашиот славен јавен сервис. Во меѓувреме, илјадници новинари и овде и ширум Европа, само чекаат еден ден по изборите да пишуваат за „триумфот на Брегзит партијата на Фараж“. Со своите нозе, гласови и избор можеме да им обезбедиме поинакви вести.
Слики: Eva Bee
Извор: The Guardian