Старите мајстори како улична уметност

24.04.19 01:54

Игривите интервенции во јавни простори на шпанскиот уличен уметник Хулио Анаја Кабандинг честопати ги припитомуваат негостољубивите и опасни улици. Тој на ѕидовите на напуштени куќи слика копии од старите мајстори, Моне, Гоген, Рембрант и тие оддалеку изгледаат како слики што се закачени на ѕидот.

„Резултатот не е само сликата што се претвара дека е слика и врската со околината, туку понекогаш чудниот и непријателски предел ја одзема сликата од музеите, ја поставува на сосема неочекувани места со што го менува значењето и на сликатa и на местото на кое е нацртана“, вели Кабандинг.

Извор: booooooom.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото