Госпоѓа Тод - првата жена што проектирала авион

26.04.19 00:36

Ема Лилијан Тод (1865–1937) живеела во Њујорк и се смета дека е првата жена во светот која во 1909 година проектирала и изработила авион.

Краткиот музички анимиран филм на режисерката Kristina Yee (Кристина Ји) насловен „Miss Todd" е изработен во стоп анимација и е инспириран од животот на Ема Тод, која иако била самоука инжинерка, успеала прво да проектира, а потоа во 1910 година и да изработи авион. Но заради ограничувањата на патријахалната средина никогаш не ѝ било дозволено да управува со авионот. Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото