Сиромашна држава како нашава толку многу пари да фрла на реклами на политичари?

30.04.2019 02:55
Сиромашна држава како нашава толку многу пари да фрла на реклами на политичари?

Вкупно околу 10 милиони евра им биле на располагање на претседателските кандати за финансирање на предизборната кампања од НАШИ, буџетски средства! Се шокирав. За среќа, не потрошиле толку. Оти јавно се гледа кој колку потрошил, можеби затоа биле поскромни.

Ама останува прашањето - зошто од наши пари? Сиромашна држава како нашава толку многу пари да фрла на реклами на политичари? Бива ли? Логично ли е? Нормално ли е? Башка во ова село весело, ги знаеме сите кој каков е, како дишат, знаеме што ќе речат пред да гукнат, не ми треба на билборд да ги гледам или на телевизија да ги слушам за да знам за кого ќе гласам. Напротив, не сакам со мои пари да ми бодат очи и уши!

Инаку, пред некој ден почина момчето кое не успеа да собере 35.000 евра за лекување во Турција :(

Уште само едно во низата... Што е поважно? Животот ли? Фотељата ли? До кога и каде вака?

 Слика: Nate Kitch