Почина Љупчо Меловски, доајенот на еколошката наука во Македонија

01.05.2019 00:16
Почина Љупчо Меловски, доајенот на еколошката наука во Македонија

На 60-годишна возраст почина д-р Љупчо Меловски, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Професорот Меловски беше доајен на еколошката наука во Македонија, долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, пасиониран ботаничар, борец за заштита на природата и учител на стотици млади истражувачи и еколози.

Учествувал во изработката на повеќе од 15 научноистражувачки проекти и бил раководител на три. Од тоа произлезе објавување на повеќе од 45 научни трудови. Бил вклучен во многу стручни проектни активности од апликативен карактер, особено од областа на биодиверзитетот и конзервацијата на природата. Учествувал во изработката на Законот за заштита на природата на РМ, Националната стратегија за заштита на биодиверзитетот, како и многу стручни студии од областа на заштитата на животната средина за различни делови на Македонија и други држави од Југоисточна Европа. Беше член на Македонското еколошко друштво од 1984 година и негов претседател од 2001 година.

 

ОкоБоли главаВицФото