Банана протест

01.05.19 01:06

Голем број граѓани протестираа со банани пред Националниот музеј во Варшава револтирани од отстранувањето на уметнички дела, кои биле прогласени за „непристојни“ од директорот на институцијата.

Над илјада демонстранти учествуваа во протестот чија симболика се повикува на едно од уметничките дела – видео од 1973 година наречено „Конзумерска уметност“ на авторката Наталиа ЛЛ кое прикажува жена како јаде банана.

Отстранетo било и дело на Катаржина Козира, кое прикажува жена која шета со двајца мажи облечени како животни кои ги држи на ремен.

Директорот на музејот, Јержи Мизиолек, за локален полски медиум минатата недела изјавил дека „се противи на прикажување дела кои можат да ја вознемират ранливата категорија на млади луѓе“.

Подоцна музејот вети дека делата ќе бидат вратени во нивните поставки.

Во меѓувреме, на социјални мрежи се објавуваат фотографии под хаштагот #stopcenzurze (#стопцензура).

Извор: Euro news