„Сурогат“

02.05.19 00:54

„Сурогат“ е краток анимиран филм од 1961 година на Душан Вукотиќ. Тоа е првиот анимиран филм, направен надвор од границите на САД, кој во 1962 година, освои Оскар. Тој освои и други бројни награди на фестивалите во Белград, Сан Франциско, Оберхаусен и други. Го знаат и под други наслови на различни светски јазици: „The Substitute“, „Cypporar“, „Der Ersatz“, „Le Succēdanē“, „Surrogatto“.

„Сурогат“ е најнаградуваниот хрватски филм. Овој десетминутен филм на режисерот и аниматор Душан Вукотиќ и сценаристот Рудолф Сремец настанал во скромните простории на Студиото за цртан филм во Загреб.

Се работи за едноставна приказна за необичен триаголен дебеличок лик, кој доаѓа на плажа и сè што му треба си прави сам, дури и своја пратнерка.

„Сурогат“ настанaл во почетокот на 1960-тите години, време во кое почнаа да се појавуваат сурогати на посакуваните предмети. Така, овој филм, на некој начин, го предвидел времето кога ќе се изгуби границата помеѓу стварноста и виртуелните сурогати на реалноста.

Анимацијата е геометриска и далеку од тогаш доминантната дизниевска и затоа беше сосема нова. Филмот со анимацијата и ироничниот поглед на свет извршил големо влијание на бројните автори на цртаните филмови.

Извор: Youtube

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото