Матичната плоча ми е чипкаста

02.05.2019 13:38
Матичната плоча ми е чипкаста

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Горан Танчевски, Зоран Ристовски и Валентин Ѓорѓиоски.

 

Тања Аждаја
Матичната плоча ми е чипкаста.


Горан Танчевски
Оди па Не Видија мојата графичка картичка.


Тања Аждаја
Уште во средно ми ја покажа процесорот по информатика.


Горан Танчевски
Да, беше ладен како лед и го мониторираше целиот процес. Го викаа ЛЕД монитор.


Тања Аждаја
Нему му е посветена Диода на радоста. Кога ја слушна прв пат целиот блесна од среќа.


Горан Танчевски
На транзисторот слушаше полупреведливи странски песни.
Мислам дека го фалеше умот на Германците, дека направиле транзистор со германиум.


Тања Аждаја
А баш ги видов германиумот и среброто идеа на журка. Па им посакав само супер провод.


Горан Танчевски
Тоа беше за Св. Валентин, си ја проверуваа валентноста. Зборуваа дека силикони се решението за поголема атрактивност.
Германиумот му рече на среброто дека е ладно како метал, а среброто му одговори дека тој е маталоидиот. После тоа меѓу нив настапи вакуум.

Тања Аждаја
Абе twisted pair, али куса врска.


Горан Танчевски
Лабилни карактери се тоа. Секаква надворешна побуда или ако беа под некаков напон - тоа го преувеличуваа и засилуваа.


Тања Аждаја
Ептен лабилни. Све по линија на помал отпор.


Горан Танчевски
Никогаш не изградија логично коло. Германиумот го нервираше среброто, па таа го викаше персонален сметач. На крајот германиумот се залета по некои силикони и се интегрира во монокристална врска.


Зоран Ристовски
Мојата матична со првите три букви обратно 


Тања Аждаја
Добро е што не напишав чипкана.


Валентин Ѓорѓиоски
со чипсет или со core-сет?

Слики: Adhika Rahmani

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото