Реакции после претседателските избори: Крај на една епоха

06.05.2019 12:08
Реакции после претседателските избори:  Крај на една епоха

Крај на една епоха

Овие претседателски избори можат и треба да се гледаат како дефинитивен крај на една епоха, што за потребите на овој текст ќе ја наречеме „груевизам“. Интересно е дека сите политички периоди што ги бележиме како „епохи“ во не толку богатата историја на македонската независна држава биле омеѓени токму со претседателските избори.

Ѕвездан Георгиевски

 


Сиљановска беше доволно инспиративна, не само за гласачите на ВМРО

Изборите во Охрид, и преседателски и за градоначалник, покажуваат колку овие избори беа интересни и колку, всушност, имавме среќа со Сиљановска како кандидат за претседател.. Во Охрид Сиљановска доби пристоен број гласови повеќе од Пендаровски но кандидатот за градоначалник на СДСМ со убава разлика го победи кандидатот на ВМРО, што покажува дека Сиљановска беше доволно инспиративна, не само за гласачите на ВМРО, и затоа Мицковски нема право да ги става на свое конто и да прави некакви математички проекции.. Замислете да немавме цензус.

Ненад Стевовиќ

 

 

Имав подобро мислење за Гордана отколку што заслужувала

А ете јас сепак имав подобро мислење за Гордана отколку што заслужувала.

Треба да си многу суетен или многу примитивен за да не смогнеш сили да му честиташ на противникот кој те победил.

Е Гордана, Гордана, гадна ова вмровскава кал што се лепи и не ти дава да претнеш.

Бев сигурна дека раководството на ВМРО нема да му честита на Пендаровски. Тие се примитивци кои случајно залутале во политиката.

Ама Гордана? Госпожата која наводно била дел од меѓународни тела и форуми? Изгледа сепак само се шетала и шопингувала. Толку било.

Мирјана Најчевска

 

Пендаровски има +120 000 гласа во вториот круг во однос на првиот

Без вреќи брашно и масло, без диригирани инспекции и хилти, без вадење за уши циган, по циган, без списоци и закани за бркање од работа, без гласачи од Пустец, без печатење на фалсификат лични карти, без отворање на вреќи од оние како со патент, без расипување на лифтови, без диригирана МТВ и потплатени други медиуми, без...
Без сето тоа, Пендаровски има +120 000 гласа во вториот круг во однос на првиот и победа со 60 000 гласа разлика во однос на кандидатката на дпмне.

Но, дпмне не честитаат и велат победиле. Тоа е таа матрица што се радувам дека ја победивме.

Стево, честито!

***
Читам Артан Груби се курчи, као Ахмети и ДУИ избрале и Претседател и сѐ.

Во првиот круг се виде ДУИ колку избра и колкава им е силата. ДУИ итро се исшлепува овие избори и е спремно спакувно да замине во историјата на чело со Ахмети и Груби.

Во вториот круг избраа свесните и совесните граѓани и Албанци и Македонци и сите други, на кои подеднакво исто им се гади и од дпмне и од дуи ама ти тоа го знаеш и не можеш да го прифатиш кутар Груби.

Јане Ѓорѓиоски

 

 

Ама овие мислеле дека гласаат за поглавица, а не за претседател

Ама овие мислеле дека гласаат за поглавица, а не за претседател. За поглавица требаше да го испушите, најмалку, лулето, ете малку било тоа „стотини пријатели Албанци, можев да се омажам“ и други предизборни селфирања и глупирања. Не брои општини оти ќе им текне на сите дека скоро имаше локални и дека на власт сте само во три. А после хидроцентрали ќе се чешлаат и други централи, дури и академски и универзитетски каде најмалку треба да има вакви будали. Ова земја има иднина вака цела а вие ете ни по градови ни по села. Нема веќе вака нит се води нит се тера, пичка ви матер o leshpera!

Рамадан Рамадани

 

Ако СДСМ продолжат да владејат како до сега, само да се расфрлаат со моќ, ќе доживеат катастрофа 

Победата на Пендаровски е очигледна.
ВМРО ќе направи добро за себе и за државата да признае пораз. А и да не признаат, дотолку полошо за нив.
Разликата ќе биде околу 60-80 илјади гласа, што не претставува никаков мотив за славење, туку за длабоко замислување.

Ќе покаже по стоти пат дека ДУИ е врвната режимска машинерија на трите К - криминал, корупција и клиентелизам, со кој оваа власт мора да се соочи. Дека имаме придвижување кај Албанците веќе подолго време, кое ниту дволичноста на СДСМ не ја убива. Гласовите на Река видливо се прелеале.

Конечно, граѓаните. Успехот на Пендаровски постои само и единствено заради самосвеста на голем број граѓани, кои немаат намера да го наградат ВМРО, но кои овој излез и глас го дадоа со тешко срце, со искрен немир.

Треба да излезете пред камери и во јапонски стил длабоко да им се поклоните.

СДСМ барем 2 години ќе имаат апсолутна власт, ако во тие 2 продолжат да владејат како до сега, само да се расфрлаат со моќ, ќе доживеат огромна катастрофа.
Допрва ги чекаат вистинските земјотреси.

ВМРО допрва го чека вистинско реформирање и признавање и преземање одговорност за режимот.

Ивор Мицковски

 

 

Понеделник и сите злостори ќе се одзлосторат

Цела среќа Стево сте го избрале, многу бев загрижена, воопшто не го очекував ова и навистина верувам дека од сега па натаму квалитетот на животот во Македонија значително ќе се подобри, веќе никој нема да сака да ја напушта па макар и за некаде да риба подови, воздухот од денес во секој град како на планина, нема да има деца што просат во 4 саат сабајле и организиран криминал за експлоатација на деца, нема да има дрогирани деца на семафори во рацете на нивните мајки. (...) И сите гадости што ги правеа претходнине додека сегашниве гледаа сеир од кафани и од своите комфорни домови наместо да бидат опозиција, од мрачни дамки, од тешки црнила во нашите умови, ќе ни порозеват. Нашите спомени наместо трагикомични хорори ќе станат дизни ром-коми, со весели саундтраци во позадина. Сите ќе бидеме еднакви, весели, среќни, здрави и задоволни.

Среќа, навистина. Екстатична сум.

Ирена Ристиќ


Фикус се од Водно корнеше

Слики: Александар Дојранлиев и Сеир