Шумлива ентропија

07.05.2019 16:01

Нашиот свет се распаѓа
Полека и несигурно
Се рони
И од трошките на распаднатоста
Се креваат гиганти
Пола фабрики пола ниви
Со свежи патлиџани насекаде
Во секоја пора на ГМО-заедницата
Лажни мимикрии од органски лушпи
Како приврзок на кој висат
Клучеви
Од исечени нокти, шишки и вишок енергија
Семиња на нови реалности
Тазе идентитети загубени паричници
Конвертори за ентропија
Условни електронски рефлекси сонови листи на тоа
Што допрва треба да се прави
Додека во глуждот на левата нога
Пулсира болка наместо аларм
Наместен да ѕвони
Во мигот кога околностите
Ќе го заокружат распаѓањето
Во рамката на новиот циклус,
Новите шумливи таблети

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото