Седмо издание на „Прво па женско“: Ова тело кое не е едно

08.05.2019 01:46
Седмо издание на „Прво па женско“: Ова тело кое не е едно

Промислувањата на телото и телесноста се годинешните потпорни точки на годинешново седмо издание на фестивалот „Прво па женско“ кое ќе се одржува од 9 до 12 мај во МКЦ – Скопје под слоганот „Ова тело кое не е едно“.

Фестивалот започнува на 9 мај напладне, со панел дискусија „Гинекологија и акушерство: сервиси, достапност и третман“, додека официјалното отворање ќе биде вечерта во 19 часот во Галеријата на МКЦ со отвoрање на изложбата „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска.

Целата програма на фестивалот може да ја најдете на фејсбук настанот на Tiiiit! Inc.

Оваа година фестивалот е поддржан од FRIDA | The Young Feminist Fund, Министерство за култура / Ministria e Kulturës , Град Скопје, Embassy of the Netherlands in North Macedonia, Embassy of Sweden in Skopje и Kvinna till Kvinna.

Слични содржини

Активизам / Култура / Настан
Активизам / Култура / Настан
Активизам / Култура / Теорија
Општество / Активизам / Фотографија / Став

ОкоБоли главаВицФото