Излез од библиотекарската меланхолија

09.05.2019 04:18
Излез од библиотекарската меланхолија

 

Кон крајот на февруари Универзитетот во Калифорнија, еден од најзначајните американски научни центри, одлучил да ги откаже сите претплати на списанија во издание на Elsevier, најголемиот комерцијален издавач на академски трудови чии публикации достигнале астрономски цени, недостижни дури и за најпрестижните универзитети. И покрај повеќемесечните преговори, Elsevier не бил желен да го исполни клучното барање на калифорнискиот универзитет – обезбедување слободен пристап до научните трудови продуцирани на нивните кампуси, кои сочинуваат речиси десет проценти од вкупното американско издаваштво. Иако новите информациски технологии би можеле да овозможат универзален пристап до научни информации, монополот на големите издавачи и астрономските цени за претплата на списанијата го имаат затворено пристапот до знаењето и го имаат направено недостапно за голем број научници и истражувачи ширум светот. Претставници на Калифорнискиот државен универзитет притоа се повикале на неговата темелна мисија – ширење на знаењето и овозможување нови откривања – на што деловниот модел на холандскиот издавач директно противречи.

А на проблематичниот модел, кој ги искористува истражувањата финансирани со јавни пари и беплатната работа на авторите и рецензентите за приватен профит, се спротивставиле и европските иницијативи како што е Project Deal кој претставува околу двете германски универзитети и истражувачки центри, и Swedish Bibsam Consortium, кој застапува околу 85 шведски универзитети и научни институции. Двете земји ја прекинале соработката со издавачкиот гигант кој во своето портфолио држи повеќе од 2500 списанија и бази со вртоглави тринаесет милиони трудови. Алтернатива им нудат платформите кои овозможуваат отворен пристап до трудовите објавени во научните списанија, како Sci-hub на казахстанската научничка Александра Елбакјан. Најголемата светска пиратска онлајн база на научни статии располага со десетици милиони „украдени“ статии достапни на сите научници, наставници, студенти, ученици и останати корисници на кои правото на знаење како заедничко, јавно добро им е често ускратено.

Јакнењето на движењето за отворен пристап на ниво на Европската унија ја поддржува иницијативата за Plan S. Ова со заеднички сили го развила група лидери на национални организации за финансирање истражувања, со поддршка на Роберт-Јан Смитс, советник за отворен пристап внатре во Европскиот центар за политичка стратегија при Европската комисија. Со документот се бара од 1 јануари 2020 сите научни публикации кои произлегуваат од јавно финансирани истражувања да бидат објавени во списанија со отворен пристап или на Open Access платформи и така да бидат веднаш допстапни на заедницата, и не само на онаа научната. Иако според коментарите од професијата тој има и некои недостатоци, заедно со иницијативите кои доаѓаат од земјите на европскиот центар тој ја охрабрува и библиотекарската заедница од периферијата во борба за остварување на темелната мисија на јавните книжарници, а тоа е пружање на пристап до знаење на сите членови на општеството, под еднакви услови.

За разлика од глобалните настојувања за вреднување на библиотеките од онаа страна на тесното комерцијално разбирање, во локален контекст новиот Закон за библиотеки и библиотекарски активности токму овозможи уште поголема комерцијализација и додатно уривање на стандардите на струката. Како што забележува Дуња Кучинац во коментарот за Билтен, законот „подготвува терен и легализира пракси кои би можеле да го одведат хрватското библиотекарство токму во оној правец кој библиотекарите/ките го предвиделе: подалеку од јавните сектор и јавниот образовен систем“. Во јавната расправа можеше да се чуе и дека е недоследен, неодржлив, понепрецизен од досегашниот и дека со него не се уредува речиси ништо од она што требало да се уреди поради „значајните промени во општеството кои се случиле под силно влијание на новите технологии и новите облици на комуницирање“, како што е помпезно кажано во воведот на Предлогот.

И покрај големиот број конструктивни забелешки од целокупната хрватска библиотекарска заедница – повеќе од 2500 – и, и покрај оправданиот апел кон ХКД предлог-законот да се повлече од собраниска процедура веднаш по јавната расправа и, врз основа на пристигнатите забелешки, да се направи нов нацрт „кој ќе биде во духот на меѓународните и домашни правила и стандарди на професијата“, предлозите се одбиени и законот на крајот на февруари стапи на сила. Така, домашното библиотекарство во време на интензивен информациски процес во контекст на значајни пресврти во системите на научното издаваштво, остана без цврста заднина која би ја зајакнала нивната позиција. Вака се осудени да ѕиркаат „преку оградата“ и да набљудуваат како понатаму ќе се развиваат трендовите кои ги започнале нивните германски и шведски колеги.

Црни прогнози за библиотеките со оглед на новиот закон има и Александра Пикиќ, библиотекарска советничка за високообразовни и специјални библиотеки на ниво на универзитетските матични библиотеки. На претставувањето на книгата на Марио Хилберт Дигиталниот раст и постдигиталните добра, која го тематизира токму критичкото библиотекарство во однос на пошироката општествена улога на библиотеките денес, Пикиќ истакна дека домашните библиотекари/ки, а особено оние од високообразовните установи, имаат многу стеснет маневарски протор за делување во вака поставениот систем. „Библиотекарите се често уценети од големите издавачи кои диктираат зголемување на цените на претплата во просек 5% на годишно ниво. Не можеме да се пофалиме со тоа дека отворено сме им се спротивставиле, но оглед на тоа што буџетот на домашните универзитети не можеше да го следи ратот на цените на Science Direct, хрватските научници уште од 2012 година не можат да ја користат оваа платформа на Elsevier“, напоменува.

Дека издавачките гиганти подготвено ги дочекуваат промените кои се случуваат во полето истакнал Томислав Медак, кој забележува дека нивниот комерцијален фокус од содржината и цитатните бази се префрлува токму кон разноразните комуникациски платформи и дигиталните сервиси кои се сфаќаат како неопходни за функционирање на научните институции во време на премин на информациите во дигиталната сфера. Синтагмата „дигитален раст“ од насловот на Хилбертовата книга се однесува токму на проблемот на некритичкото прифаќање на новите технолошки решенија кои драматично ја менуваат општетвената улога и работењето на библиотеките. Авторот заговара критички пристап кој го сместува внатре во актуелните социо-економски контекст, а промените во полето не ги гледа како неутрални или саморазбирливи движења туку како важни политички детерминирани процеси.

Интензивното информациско опкружување сè повеќе ја трансформира библиотеката како институција, притеснета помеѓу комерцијализацијата и цврстата контрола на пристапот до научното градиво од една, и континуираното намалување на буџетот од друга страна. Се чини дека таквата позиција дошла до граница на одржливост и издржливост и дека струката сè повеќе увидува дека мора да заземе активна улога во обликувањето на функцијата на библиотеките со оглед на нивната општествена улога. Неодамнешните случувања на глобалната сцена покажуваат дека библиотеките не се сосема немоќни наспроти експлоатативните деловни модели на големите издавачи, па иако последниве сигурно ќе бараат нови начини да соберат повеќемилионска добивка од јавните добра, отпорот кон таа алчност покажува дека библиотеките и тоа како можат да бидат ангажирани, праведни и прогресивни.

 

Извор: Kulturpunkt