Куќа

09.05.2019 10:47

На ѕидовите квазари рој
Покривот се стопи
Кај Олтарот дупка црна
Рацете не плескаат
Не велат Браво
И вино снема
Директен зодијачки трансфер
Во крвната мрежа
Небото онлајн
по потреба штекер, по потреба штакор
На сите што уште не прегореле
А некаде уште помалку тлеат, одлогирани
Изменети човечки суштества,
Со едната нога овде
Со другата сурфејс
Веќе одамна мутирале
само отсјајот сега со поминат рок зрачи

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото