Како да донесете одлука?

09.05.2019 23:37
Како да донесете одлука?

Се смета дека, свесно или несвесно, дневно донесувате неколку илјади одлуки, од начинот на кој ќе го започнете денот и ќе испиете голтка кафе, до промената на политичката опција или порталот кој повеќе нема да го читате зашто ве изневерил. Меѓутоа, понекогаш не можете да одлучите - со мака ја избирате банката во која земате кредит, се двоумите заради цената на новите чевли, би ја напуштиле недостоинствената работа и би тргнале во претприемничка авантура, но не сте сигурни. Како да одлучите?

Секогаш можете да се обидете да си помогнете - на пример, запишете ги опциите помеѓу кои избирате, сеедно дали тоа се банки или работните места. И оценете ја секоја од опциите според три критериуми: 1. Добро или лошо? 2. Силно или слабо? 3. Активно или пасивно?

Овие три величини, евалуацијата, потенцијата или активноста, кои во психологијата се нарекуваат семантички разлики (диференцијали) можат да помогнат во утврдувањето на вашиот став, особено ако не ви е понуден само двоен одговор добро или лошо, туку ви е понудена скала каде постои и помалку добро и помалку лошо. Затоа ваквите фактори мошне често се користат во истражувањата на ставовите или во психолошките тестови.

Во шеесеттите години во практиката ги вовел американскиот психолог Чарлс Е. Осгуд, а она што ги прави особено возбудливи е тоа што доведуваат до разбирање на обликувањето на ставовите. Во познатата антрополошка студија од 1964 година, Осгуд со соработниците тестирал 10 000 можни фактори во разни земји и со малку статистика се покажало дека овие три фактори можеле да се сметаат како универзални во секоја култура.

Самиот процес на одлучување, иако може да биде сликовит и практичен на хартија, се случува речиси моментално, тогаш кога ни треба одлука, а не два дена, три скали и многу графикони подоцна. Тешко дека сте му се приближиле на партнерот после детална факторска анализа. Дури и ако претходниот пат сте потрошиле часови пресметувајќи дали да земете уште еден кредит, на таа одлука можеби делумно влијаеле и некои нешта кои не можат да се факторизираат, како што се боите, топлината на просторот, однесувањето на вашиот банкар.

На вашиот избор инаку можат да влијаат сите овие бројни, долгорочно безначајни, но моментално важни фактори кои демнат во сенка на одлуката. Разновидните знаења од когнитивните науки, пред сѐ психологијата, но и другите дисциплини, покажуваат дека процесот на донесување каква било одлука може да се сведе само на рационална анализа, дури и кај пословично рационалните луѓе.

Од еволутивен аспект тоа е оправдано - Хомо сапиенсот донесува многу важни одлуки брзо и во вонредни ситуации зашто влијанието на средината условува дали ќе преживее. Од друга страна, одлуките често ги донесуваме и премногу брзо, преку хеуристиката, што Канеман и Тверски го нарекуваат „брз“ систем на размислување. Затоа постојат и толку многу разновидни пречки, па дури и заблуди при расудувањето, како што се закотвувањето или долгот од минатото. Заради нив лесно усвојуваме предрасуди, избираме и погрешно даваме шанса таму каде што не требало.

Од друга страна, брзината на механизмот за одлучување истовремено е и доблест, па дури и најголема сила на нашиот вид. Најпосле, кога станува збор за изборот, дали и самите каде било, во што било - љубовта, работата или политиката - се одлучувате за неодлучност?

Илустрации: Dario Maglionico

Извор: http://naukakrozprice.rs

ОкоБоли главаВицФото