Зошто борбата против фашизмот не престанува?

11.05.2019 00:36
Зошто борбата против фашизмот не престанува?

Затоа што:

1. Фашизмот е производ на капитализмот и капитализмот е производ на фашизмот и така circulus vitious. Мораш да работиш, ако не работиш ќе кркаш морален суд, ако работиш ќе те експлоатира, ќе ти го одземе трудот, нема да ти плати доволно, ќе ти го одземе времето, а со тоа и енергијата, со тоа и соништата. Економскиот фашизам е доста значаен и често незабележуван од страна на многу аналитичари преку догматското прифаќање на т.н. приватен пазар кој е директната спона на ропските односи на една класа под управувачките односи на друга класа. Секогаш тој се заострува кога средната класа исплашена за својата удобност се приклонува на високата и ги застапува интересите на високата класа.

2. Фашизмот непријателот го субординира затоа што верува во супериорност на класа, раса, етничка, верска, родова, сексуална итн. припадност. Тој е секогаш активен и агресивен кога е исплашен од Другоста и различноста, секогаш кога своите привилегии и моќ се под закана на редукција и уништување. Оттука тој е империјалистички, колонијалистички и милитаристички. Неговото разбирање на општеството е преку моделот на хиерархијата, Господар - Роб.

3. Фашизмот е ултранационалистички. Тој верува во „славно“ минато, а оттука и носталгичен кон имагинарните и неискустливи подрачја од историјата. Тој понира за враќање на некакво минато за коешто протатонистите негови немаат никаков опит.

4. Фашизмот мрази се што влегува во категоријата Другост. Оттука и потребата од хистерија и параноја изразена низ контрадикторни парадигматски и идентитетски разлози. Тој секогаш го бара виновникот во малцинството коешто во некаков комплот со надворешните непријатели му го крои „ќуркот“ на нацијата, религијата, нашето себство. Оттука, Илуминатите, Евреите, Педерите, Шиптарите, Ѓупците, Каурите, Бегалците итн., се само дел од низата на параноични крекања на фашистичката логика и резон.

5. Фашизмот „пека“ по култот на младоста и непобедливоста, ги мрази слабите, многу е насилен и го носи комплексот „Да се биде маж“, од друга страна жените ги смета како суштества коишто се со понизок онтолошки и биолошки статус и нивната социјална улога ја одредува согласно потребите на „мажот“.

6. Фашизмот е антидемократски и антиегалитарен. Неговата пробивност е насекаде и ги корумпира речиси сите структури и институции, навики и стилови на живот, тој е вгнезден во несвесните домени на човековиот живот и разум.

7. Политичката логика на фашизмот е милитаристичка и мобилизаторската сила негова е во есхатонот - еднаш засекогаш решавање со непријателот. Методите му се свирепи, а изживувањето со послабиот е една од сатисфакциите на носителот на улогата „фашист“.

8. Фашизмот во современиот свет е доста модернизиран и често го носи рувото на т.н. парламентарна и/или либерална демократија. Неговиот јазик е а моќта распределена низ различните бирократски и економско-олигархиски односи. Современите политички партии во начинот на нивното функционирање и ФИНАНСИРАЊЕ ползуваат и СОРАБОТУВААТ со убер-капиталистите и олигарси. Оттука и државата е во рацете на овие лица, заштитните механизми на државата се заштитни механизми на овие инстанци, останатите се робови.

9. Фашизмот е присутен во културата. Масовната култура која рециклира енергија и концепти присутни во традицијата и историјата; и културата која перформира квази прогресивни и еманципирачки „отскоци“ од рамките на „постојното“.

10. Фашизмот е присутен во Универзитетите и образованието, преку „инсталирање“ на една цела хиерархизирана и пара-структурирана идеологија чии фундаментални јазли на мрежата на која се фатени и сечени криљата на секоја неутрална инстанца, се токму догматските приповетки за : слободниот пазар, нацијата, татковината, мажот со кур станат, жената курва, од тебе зависи дали ќе си сиромашен и дали ќе клецкаш пичиња итн. итн. итн.