1016 hPa
72 %
13 °C
Скопје - Вто, 19.05.2026 07:59
.jpg)
Сигурно се сеќавате на трилогијата „Враќање во иднината“, со Мајкл Џ. Фокс во една од главните улоги, а режирана од Роберт Земекис. Приказната раскажува за Марти МекФлај, тинејџер кој не сакајќи ќе биде вратен од 1985 во 1955 година. Во вториот дел на филмот Марти ќе отпатува во 2015 година, каде ќе се сретне со некои (тогашни, од гледна точка на 1985 г.) видувања за тоа како ќе изгледа иднината што ние денес ја живееме. Па, да видиме кои се тие нешта кои филмот ги предвиде.
1. Гледање повеќе ТВ канали истовремено
Во една сцена од филмот Марти МекФлај доаѓа дома и го вклучува телевизорот. На рамниот екран се појавуваат шест канали... Вака си ја замислуваа иднината во 1985. Слика во слика. А денес, гледањето неколку канали истовремено повеќе не претставува фантазија.
.jpg)
2. Сеприсутното рекламирање
Кога Марти се наоѓа во родниот град од 2015 г., холограмски видео екран се појавува на градскиот плоштад и почнува да прикажува реклама за претворање на обичните коли во летечки коли. Од денешна гледна точка, сеприсутните реклами се неизоставен дел од нашите животи. Старите билборди веќе почнуваат да се заменуваат со екрани (еден таков веќе има и на скопскиот плоштад). Телевизиите се натпреваруваат во тоа која ќе привлече повеќе рекламери, а за интернетот и да не зборуваме.
.jpg)
3. Видео игри без раце
Кога Марти во иднината се наоѓа во една играчница во стил од 1980-те, сакајќи да воодушеви две мали деца, ја игра старата видео игра „Wild Gunman“, а децата не можат да поверуваат дека за тоа е потребно да се користат рацете. На еден технолошки саем во САД, во јануари годинава, беше претставена видео игра со автомобил кој може да се управува едноставно со држење на рацете во воздух. А до 2015 има уште доста време. Којзнае што сè ќе се измисли дотогаш.
.jpg)
4. Камери насекаде
Откако ликот Гриф од филмот и неговата дружина со автообилот удираат во судницата и се уапсени до страна на полицијата, на небото се појавува летечка камера која ги фотографира за весникот USA Today. Денес и самите сме сведоци на поставување камери на секоја раскрсница во Скопје, а во светските градови ова уште одамна е практика (се вели дека Лондон е град кој е најмногу покриен со видео надзор во светот). Но не се само раскрсниците: тука спаѓаат и камерите од обезбедувањето на влезните врати, банкоматите, па дури и оние на кабелските телевизии кои емитуваат пренос во живо од некоја пешачка зона.
.jpg)
5. Експлозија на употребата на пластичната хирургија
Само што ќе се најдат во 2015 г., Докторот ја вади неговата маска против стареење и вели: „Бев на една клиника за подмладување и добив природно ’преродување’. Ми отстранија неколку брчки, ми ја подновија косата и ми ја сменија крвта“. Во една друга сцена од филмот, Марти гледа ТВ реклама на која се рекламираат градни импланти. А кога само ќе помислиме денес на тоа во колкава мера пластичната хирургија е неизоставен дел од јавниот живот (овде мислиме, пред сè, на глумците, моделите, лицата од насловните страници, политичарите итн.), мораме да им признаеме дека добро ги предвиделе овие настани.
.jpg)
6. Целно рекламирање
Како една џиновска холограмска ајкула која се појавува во една сцена од филмот е поврзана со денешното и идното рекламирање? Според нас, нема никаква разлика со она што се прави на Amazon.com, каде ви се препорачуваат производи врз основа на податоците добиени од вашите претходни купувања. Исто така, нема никаква разлика со тоа што Google ја скенира вашата е-пошта на Gmail и ви поставува реклами на вашата страница врз основа на податоците добиени од буквите што сте ги напишале преку вашата тастатура. Холограмската ајкула е олицетворение на визуелно-стимулативно прикажување на дрското, таргетирано рекламирање чија цел е поединецот, а не масите.
.jpg)
7. ТВ очила
Во една сцена, за време на вечерата, Марти јуниор и Марлин заедно гледаат телевизија на своите ТВ очила. Е па, овие очила веќе постојат. Се нарекуваат Vuzix. Но овде се отвораат неколку проблеми. Како прво, никој нема да ги носи овие очила поради начинот на кој тие изгледаат на нас. Како второ, бидејќи се работи за експериментална технологија, сликата сè уште е недоволно чиста.
.jpg)
8. Видео конференции
Видео конференциите, всушност, можат да се сретнат во многу книги и филмови кои се занимаваат со предвидување на иднината. Зошто луѓето се опседнати со оваа појава? Најверојатно, од две причини – како прво, така се штедат средства кои се потребни за патувањето за да можеме лично да присуствуваме. Како второ, можеме да користиме Skype облечени само по гаќи, а понекогаш и без нив.
Извор: stumbleupon.com
заинтересирана за карти :)
Испратено на 21 октомври 2010 од Снежана Апостоловазаинтересирана за карти :)