Растеме заедно!

13.05.2019 16:04
Растеме заедно!

Со желба за подигање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со бројни македонски уметници, ја создадоа песната „Растеме заедно“.

„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури Влатко Георгиев, виолина Филип Волкан.

Песната е снимена во студиото AleXanDeR на Александар Ристовски Принц.

Учесници се (редоследно како во песната): Кристина Арнаудова, Весна Гиновска Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Miyatta, Драган Спасов Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.

Сценариото и режијата на спотот се на Koma design studio - Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски.  

Слични содржини

Книжевност / Уметност / Филм / Око
Филм / Око
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Квир / Око
Уметност / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото