Не(о)-

14.05.2019 10:32

Чекорам по гори од човечка нога
Неопедосани, неочумосани,
Неопенушени, неопилевени;
Пијам од потоци неопиени
Неосушени, неотруени;
Гледам во зазор врвови
Неокрстосани, Неолунарени;
Дишам воздух неогаден,
Од кислород неолишен.
Во пранги временски неокован,
Неогледан свет сведочам,
Неопаметен, неотехноложен,

Природо неолуѓена,
Неокортексана,
Човекот е ти и не ти.
Нека ти.
Матрицид, Суицид.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото