1015 hPa
57 %
24 °C
Скопје - Саб, 06.06.2026 21:59
Во мрачните пештери
спијат стари вештери.
Надвор нивни внучиња
се дават со кучиња.
Со големи токмаци
убиваат комарци.
Џуџиња со рогови
палат шумски огнови.
Се ведне над скарите
вампир-крводарител.
Прегладнети сеништа
варат каша пченична.
Џинови на тркала
пеперуги бркаат.