Хемијата повеќе не е меѓу нас

16.05.2019 12:41
Хемијата повеќе не е меѓу нас

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Јосиф Јаневски, Александар Ристовски, Златко Гиров и Горан Танчевски.


Тања Аждаја
Жална вест
Хемијата повеќе не е меѓу нас.

 

 

Јосиф Јаневски
Побарај друг хемичар или алхемичар.

 

 

Тања Аждаја
Џабе е, веќе се консултирав со мојот кармацевт.

 

 

Александар Ристовски
Го напушти физичкиот свет.

 

 

Тања Аждаја
Се вознесе на небото и стана минато.

 

 

Александар Ристовски
Но го фати последниот небесен воз и се вознесе.
А длабоко во себе се надевавме дека ќе биде иднина.


Златко Гиров
Кога ви е многу јака хемиската врска, ништо не може да застане помеѓу.

 

 

Тања Аждаја
Може може, некој сасвим трет петти елемент.

 

 

Јосиф Јаневски
Кога ја нема веќе хемијата, тука е математиката.
Пресметај се уште еднаш.

 

 

Тања Аждаја
Се плашам дека математика само би ја катализирала реакцијата на исчезнување на хемијата.
Ама добро де, и историјата треба да има со што да се занимава.

 

 

Златко Гиров
Ако исчезнала, пробај со географија и GPS.

 

 

Горан Танчевски
Да не сте станале менделелеави? Проверете си ја под хитно валентноста.

 

 

Тања Аждаја
Абе... валентност ковалентност.

 

 


Јосиф Јаневски
Женска особина.

 

 

Горан Танчевски
Да, се прави сè надворешните електронски слоеви да делуваат потполнето.
Не глумете благородни гасови. Само Супермен е од Криптон. 

 

П. С.

Марко Дода

Еднаш одевме со јаглерод, дознав ме варала со 2 атоми на кислород. Кога видов, не можев да дишам.

 

Тања Аждаја

O Diox mio!

Слики: Marion Fayolle

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото