Соба за една ноќ

18.05.19 01:04

Хотелските соби се генерално чудни места, исполнети со осаменост и желба. Тие оставаат впечаток на удобност, нудат контура на вистински дом, но на крајот не припаѓаат никому. Овој контрадикторен аспект на патувањата, нашата желба да најдеме дом во далечни земји каде што бегаме за да побегнеме од дома, е во фокусот серијата фотографии „Соба за една ноќ“ на уметникот Алекс Јудзон. 

„Патувајќи во различни хотели ширум светот, тајно изработувам и ги фотографирам привремените скулптурални инсталации од мебелот и предметите што се наоѓаат во секоја соба. Работам главно преку ноќ, го редам мебелот во конфигурации кои често се граничат со колапс. Откако ќе ги фотографирам овие „скулптури“, собата внимателно повторно ја враќам во првобитната состојба“, вели Јудзон.

Комбинирајќи ја формалната строгост со мешавина на хумор и референци од историјата на уметноста, фотографиите ја прикажуваат ранливоста и напнатоста на престојувањето во непознато место. Тие го истражуваат нелагодниот однос со хотелите како привремени домови и ја прикажуваат осаменоста која е придружник на искуството на модерните патувања. 

Извор: yudzon.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото