Поет

18.05.2019 09:06

Потребен е а дури и неопходен
како чадор за сонце на Антарктик
како молец во кабинет со географски карти.

Корисен е
како пајак во операциона сала
како оклопен рицар во продавница на огледала.

Ајде обиди се
неговата улога оспори ја

додека тој се однесува
како телескоп во филхармонија
како кларинет во опсерваторија.

В никоја доба
во мрачна соба
тој секогаш улогата ја проба:

да биде создавач на азбуката
со која е напишана книгата од која науката
докажува дека е тој владетел на Безразборија.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото