Израел уништил 10 000 книги и документи за палестинската историја

20.05.2019 00:44
Израел уништил 10 000 книги и документи за палестинската историја

За време на израелските воздушни напади на Газа, на почетокот на мај, бил бомбардиран и еден од најзначајните културни центри во кој се чуваат значајни документи за палестинската историја.

Како последица на израелското бомбардирање биле уништени повеќе од 10 000 значајни документи и книги.

Центарот за истражување и документација „Абдула ал Хурани“ (Abdullah al-Hurani) работел при Палестинската ослободителна организација ПЛО.
Зградата на четири ката во населбата Ер – Римал во Газа е срамнета со земја при бомбардирањето на 4 мај.

Национален истражувачки центар

22 години овој центар работел на документирање на податоците за палестинската историја и култура, во деновите пред нападот, требало да бидат издадени две книги на овие теми. Но, бидејќи зградата е целосно уништена тоа нема да се случи.

Нахид Зекут, генерален директор на Центарот изјавил дека првенствено станува збор за национален истражувачки центар кој организирал голем број научни конференции и семинари за палестинските бегалци.
Зекут потсети дека овој Центар чувал и значајна литература за палестинската и арапска историја.

„Со бомбардирањето на Центарот, Израел уништи повеќе од 10 000 книги, документи и други архивски материјали, меѓу кои се и многу ретки примероци на одредени документи. Сметаме дека нападот на овој центар е напад на палестинската култура“, изјавил Зекут и додал дека иако зградата на Центарот е целосно уништена, идејата живее на понатаму и дека центарот ќе биде обновен.

Палестинското министерство за култура, по нападот врз центарот соопшти дека овој напад претставува „систематско воено злосторство чија цел е да се уништи меморијата на палестинскиот народ“.

Центарот за истражување и наука „Абдула ал – Хурани“ бил оснван во 1997 година со одлука на тогашниот палестински лидер Јасер Арафат.

Извор: balkans.aljazeera.net

 

ОкоБоли главаВицФото