Ден на ХАЕ

20.05.19 10:26

ХАЕ Македонија во соработка со Тактус - Здружение за развој на културно-уметнички вредности, синоќа во Мобилна/монтажна галерија, премиерно ја прикажа едукативната куклена претстава за деца и возрасни: РЕТКОТО МОМЧЕ И ЗБОРЛИВОТО БАЛОНЧЕ!

Претставата е со едукативен карактер за реткото заболување хередитарен ангиоедем - ХАЕ. По завршувањето на претставата децата имаа можност да ги запознаат главните актери: куклата реткото момче, се фотографираа со нив и ја пееја ХАЕ рап песната.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото