Македонската дијаспора треба да се тргне од гласачките листи на Северна Македонија

20.05.2019 11:01
Македонската дијаспора треба да се тргне од гласачките листи на Северна Македонија

Јас мислам дека македонската дијаспора треба да се тргне од гласачките листи на Северна Македонија, не затоа што не гласаа за Тамара, туку заради тоа што:

1. Тие си избрале друга држава во која ќе живеат и во која ќе ги остваруваат своите потреби и интереси, а ние ете си ја имаме само оваа.
2. Тие не ги трпат активностите на политичарите за кои гласаат, а ние ете ги трпиме.
3. Тие живеат во минатотот на државата која ја напуштиле, а ние во сегашноста.
4. Тие одлучуваат врз основа на рекла казала, а ние врз основа на она што го доживуваме секојдневно.
5. Тие си раскажуваат романтични приказни за татковината облечена во народна носија која јава на магаренце, а ние се обидуваме државата да го стигне последниот вагон од европскиот воз кој ја зголемува брзината.
6. Тие престанале да бидат нераскинлив дел од граѓаните на Република Северна Македонија во моментот кога решиле да бидат нераскинлив дел од некои други граѓани на друга држава.

Јас не ги мразам луѓето кои ја напуштиле мојата држава (од најразлични причини). Како можам да ги мразам кога и моите деца се меѓу нив. Само мислам дека тие не смеат да решаваат за она што се случува во државата. За тоа можат и смеат да решаваат само оние кои живеат во оваа држава и кои ја споделуваат заедничката судбина.

А кретеноидите кои нè нарекуваат сверџини и северџинија се тие кои шират говор на омраза и поттикнуваат на насилство и сакаат да нè задржат во смрдениот гомнарник од кој се обидуваме да излеземе.

Слика: Небојша Гелевски 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото