Ѕид

20.05.2019 19:05

Не минува ден да не помислиш
Дека и тебе те соѕидале вон светов.
Ти ја одзеле перспективата. Те исклучиле.

Не минува утро да не се заколнеш
Дека денски ќе го урнеш ѕидов, а не вечер,
Ког се враќаш разурнат. Твојот протест е безначаен.

Нема никој за да ти укаже на антибезбедност.
Тулите се отвораат сами, меки небаре часови.
Ти даваат премин без да ги допреш со дланка.

Иако нема никаква друга страна, никаков крај.
Никаде нема да втасаш и ништо никаде не те држи.
Немаш ѕид каде сето ова би завршило.

И никаде, никому, никогаш не припаѓа твојот ѕид.

Превод: Бистрица Миркуловска

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото