Куклите на Пол Кле

21.05.19 00:49

Пол Кле (1879 - 1940) за деветтиот роденден на неговиот син Феликс направил осум кукли инспирирани од ликовите од Касперл и Гретла (Јованче и Марика). Детето толку било воодушевено што татко му продолжил да изработува нови кукли, така што помеѓу 1916 и 1925 година, Кле создал речиси 50 кукли - некои во дадаистички стил, некои биле карикатури на тогашните политички фигури, а некои автопортрети. Во малиот семеен стан, Кле изработил и специјална рамка каде се изведувале куклените претстави.

Кога на осумнаесетгодишна возраст Феликс се отселил од дома ги спакувал своите најдраги кукли. Збирката на Феликс речиси била целосно уништена за време на бомбардирањето на градот Вурцбург во Втората светска војна. Од осумте први куклу сосема неоштетена останала само куклата наречена доктор Смрт.

Извор: open culture

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото