ОПЕРАЦИЈА „ЗЛАТНА МЕТЛА“ за пролетно (про)чистување со стил

21.05.2019 16:11
ОПЕРАЦИЈА „ЗЛАТНА МЕТЛА“  за пролетно (про)чистување со стил

Единицата за брзи артивистички акции си постави за цел да ја мотивира Владата да се фати за најавената метла и да почне од сопствениот двор!

 Како!? Со ЗЛАТНА метла!


Метлата не е обична, туку златна, зашто тоа е единица мерка за (нечие) богатство, симбол за човечката лакомост, но реално со златна метла, многу полесно се работи.


За разлика од обичната метла, оваа предизвикува прекрасни чувства додека се користи, без разлика дали се користи за хигиенско чистење, ментално (про)чистување или пак кадровско чистење.

 

Златната метла е решение за сите општествени проблеми.

Единицата за брзи артивистички акции, со оваа златна метла, сака да го потсети Премиерот на мудроста: што можеш да завршиш денеска, не оставај за утре!

Златни метли не подаривме само на Владата, туку и на: Град Скопје, скопските општини, министерствата, Собранието, Јавното обвинителство...

 

а една златната метла, стана и споменик во чест на херојската акција да сеисчисти корупцијата и да се живее во здрава средина и хармонија со законите на државата.

 

 Очекуваме метлата да почне да „игра“.

Друго е ова, ЗЛАТНА е!
 

 ***
Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции 
финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.


Слични содржини

Активизам / Јавни Простори / Екологија
Активизам / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото