Песна од највисоката кула

21.05.2019 21:06

Нека дојдат тие времиња луди
од кои занес во нас се буди.

Толку стрпливост имав во себе
што заборавност веќе ме фати.
Стравувањата в простор небен
сосе маките јас ги пратив.
А жедта тешка што ме мачи
вените веќе ми ги мрачи.

Нека дојдат тие времиња луди
од кои занес во нас се буди.

Како што ливада летна
- заборавено парче земја -
се размножува и цвета
со коров и со темјан
под брмчењата гласни
на мувите гнасни.

Нека дојдат тие времиња луди
од кои занес во нас се буди.

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото