Предавање на Јелена Весиќ во Кино Култура

22.05.2019 00:41
Предавање на Јелена Весиќ во Кино Култура

Локомотива - Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата во рамките на програмата „Уметоност, политика, институција, тело“организира предавање/дискусија со Јелена Весиќ на тема „Администрација на естетика“.

Настанот ќе се одржи во среда (22.05.2019), во 19:30 часот во Кино Култура.

Ова предавање ќе биде проследено со дискусија на Јелена Весиќ и гостите учесници: Ивана Васева, Небојша Вилиќ, Владимир Јанчевски, Слободанка Стевческа. Модерира Биљана Тануровска – Ќулавковски.

Предавањето на Јелена Весиќ „Администрација на естетика или на подземни струи на преговарање уметнички работи; помеѓу љубовта и парите, помеѓу парите и љубовта ... “ ги истражува различните методи преку кои концептите на
љубов и пари стануваат дел од контекстите на продукцијата и толкувањето на уметноста. Љубовта и парите - како општествени односи - се анализираат во рамките на овој идеолошки простор, затегнат од внатрешните тензии помеѓу автономијата на уметноста и хетерономијата на трудот.

Во обид да го разбереме „апаратот на продукција" на современата уметност, ние се обидуваме да му пристапиме од блиска дистанца, земајќи ги предвид различните практики на администрацијата на естетиката во нивната "секојдневна баналност". Од оваа близина, можеме да се концентрираме на моментот кога проектите и соработките се ставени во движење. Како уметноста-како-идеологијата и комодификацијата на афектите стануваат дел од говорот користен во уметничките прилики на преговори за труд? Како се формираат моделите на производство воспоставени преку средства на говор? Како индивидуалните актери посредуваат во овие процеси?

Јелена Весиќ е независен куратор, писател, уредник и предавач. Таа е активна во областа на издавачката, истражувачката и изложбената практика која се преплетува на политичката теорија и современата уметност.
Нејзините најнови изложби се „Приказна за копирање" (Академија Schloss Solitude, Штутгарт) и ние сме семејство (со Наташа Илич) презентирани во Павилјон, Познан, дел од www.d-est.com.

Програмата се реализира со поддршка на Министерство за култура и Општина Центар.