Чистка

22.05.2019 15:15

Небаре предците ни биле за резил,
старината топтан се урива, фрла.
Се туркаат плевни, амбари и трла,
се редат на клада ковчези и чези.

Чистачите одат од керал до таван
по предмети што за нив не се требни.
Што ќе им е разбој, што ќе им се гребни,
фурка или бутин, склопец или аван?

Бесчесници шути, тие и се грозат
од она што треба да им биде блиско.
Не им годи патот од стапало ниско,

па го ништат векот на својата лоза.
Само не дај боже да го скршат вратот
пикајќи го в мутли со надеж за злато.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото