Инфо табли - „ Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“

23.05.19 11:17

Единицата за брзи артивистички интервенции поттикната од неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот, на неколку крстосници во Скопје постави табли со натпис Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили со желба да укаже на недостатокот на свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност.

Оваа акција цели кон подигање на свесноста за здрава животна средина и повисока урбана култура со напомена дека одржувањето на хигиената не е инстант кампања туку долгорочен и одговорен колективен процес.

Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото