Скулптура изработена од отпад најден на дивите депонии поставена во паркот „Жена борец“

24.05.2019 01:01
Скулптура изработена од отпад најден на дивите депонии поставена во паркот „Жена борец“

Скулптура под наслов „Мајка“, дело на ликовниот уметник Андреј Митевски, синоќа беше поставена во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје.


Делото е изработено од сипорекс најден на диви депонии во близина на градот и претставува своевиден портретен приказ на жена.

„Таа е искршена и поделена со арматура која има цел да го прикаже процесот на градење на оваа фигура.
Фигурата Мајка е одраз на човековите деструктивни делувања во природата и одтаму доагја и нејзиниот изглед. Материјалот кој не бил посакуван и бил отфрлен како шут во оваа прилика послужи како конструктивен материјал за оваа скуптура која низ нејзината естетика потенцира дека ѓубрето може и треба да се рециклира за да се зачува околината и планетата“, вели авторот Митевски.

Скулптурата е дел од проектот „Собери ѓубре направи скулптура“ на Андреј Митевски, поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Фотографии: Андреј Митевски

ОкоБоли главаВицФото