Факти за ракот

22.10.2010 14:22
Факти за ракот

Можеби не постои пострашен збор за едно човечко суштество од зборот „рак“. И додека стапката на смртност последниве години е намалена, сè уште не постои лек против убиецот бр.1 на човештвото. Пренесуваме неколку факти и статистики чија цел е поголемо запознавање со овој бестрашен убиец.

1. Еден од тројца луѓе во светот ќе развијат рак.

2. Еден од четворица луѓе во светот ќе почине од оваа болест.

3. Петте најчести типови рак се (наредени се според зачестеноста):

Кај мажите – рак на белите дробови, рак на желудникот, рак на црниот дроб, рак на дебелото црево, рак на хранопроводот;

Кај жените – рак на дојката, рак на белите дробови, рак на желудникот, рак на дебелото црево, рак на матката.

4. 20% од сите случаи на рак се предизвикани од хронични инфекции.

5. За отприлика пет години ракот ќе ги надмине срцевите болести како главна причина за смртта на луѓето.

6. Од 1950 г. па наваму, случаите во кои луѓето заболуваат од рак се зголемени за 44%. Стапката на зголемување на случаите на рак на дојката е зголемена за 60%. Случаите со рак на тестисите, простатата и бубрезите се зголемени за 100%. Останатите видови рак, како малигната меланома, повеќекратната миелома и некои лимфоми, се зголемени за над 100%.

7. Повеќе од 70% од смртните случаи предизвикани од ракот се случуваат во земјите со низок и среден стандард.

8. Годишното производство на синтетички, карциногенични и други индустриски хемикалии се зголеми од 450 000 000 килограми во 1940-те на повеќе од 225 000 000 000 кг за време на 1980-те.

9. Постои зголемен ризик за заболување од повеќекратна миелома меѓу вработените во текстилната и пластичната индустрија. Лимфомата е ризик за вработените во земјоделските лаборатории.

10. Стапката на одредени типови рак меѓу некои индустриски работници е и до десет пати повисока од онаа на обичното население.

11. Околу 75% од сите видови рак се развиваат кај лица на возраст над 55 години.

12. Последниве неколку десетлетија стапката на заболувања на рак на белите дробови кај непушачите е зголемена двојно.

13. Пушењето сè уште претставува најголемата причина за рак во светот.

14. Постојат околу 100 типови рак, што значи, речиси секој дел од телото може да биде погоден од оваа болест.

15. Во речиси 30% од случаите ракот може да биде спречен, најчесто ако не се пуши, ако се има здрава исхрана, ако се практикува некоја физичка активност и ако се лекуваат инфекциите кои можат да предизвикат појава на рак.

16. Една третина од случаите со рак можат да се излечат ако се забележат рано и соодветно се третираат.