Не ми е баш најувежбан овој дел од животот

25.05.2019 12:42
Не ми е баш најувежбан овој дел од животот

 Ни огледалото веќе не е тоа што беше.

 

Ко дете имав успеано во животот.

 

Каде се и што прават двете столчиња што ни го држеа ластикот за ема есаса?!

 

Сега си млад, после којзнае кога пак.

 

И кога планираше да ми кажеш зошто си ме мајко родила?

 

Не ѝ кажувај на баба ти дека е стара! Сама нека си дознае.

 

Нормално дека светот станува сѐ полошо место кога секој ден си сѐ постар.

 

Сега сум попаметна од порано, но порано донесував попаметни одлуки.

Не ми е баш најувежбан овој дел од животот.

 

Што прави така фино време ко тебе во песочен часовник?

 

Кажувам „се гледаме“ ко да нема утре.

 

Поздрави ме ако ме видиш.

 

Ќе ти намигнам дур да трепнеш.

 

Не можам сега, животот ќе ме носи да се истрчам.

 

Многу убаво фаќам прашина; стави ме на најгорната полица.

 

Кога ќе се разминат времето и местото, сѐ е недоволно, а ништо е премногу.

 

Што го цитираат сите Гете, бе, да не умрел?!

Извинете што доцнам, ми го царинеа емотивниот багаж.

 

Со емотивниот багаж тежам живот ипол.

 

Боже колку сум емпатична, којзнае како ми е мене што сум ваква.

 

Ќе пресрамам како знам и руменам.

 

Не е моја насмевкава, ама е убава ко моја.

 

Попуштив ради попаметност.

 

И на најдобрите може да им се смучи.

 

Кога паѓам ми е најбитно да ми е меко на душичката.

Во себе сум до гуша.

 

Разбивам монотонија и бегам да не ме фатат.

 

Пиши ме загинувач во романтични комедии.

 

Не ми ја чепкај раната, со крв ми е заработена.

 

Џабе ми ставаш нож под грло, толку ти сече.

 

Потивко, не те слушам.

 

Имам дупликат комплимент. Сакаш да ти го дадам едниот?

 

- Па зошто викаш дека можеш ако не можеш?!
- Пошо ми се може.

А сега ќе се чита тестаментот на ежот од Градски парк:
“Сите свои боцки му ги оставам на кутивчето за чачкалици во Наџак.”

 

Клукајдрвецов му е матичен забар на јаворот во паркот.

 

Се заканив на цвеќе мислејќи дека е пеперуга. Сега треба да се извинувам, а не знам цвеќарски.

 

Бабата пајачка го учи внучето да плете, а тоа пајаче ли пајаче.

 

Си биле зелка и оцет. Tаа кисела, тој салаток.

 

Мал коњ ми е коњаче.

 

Фстак е кикирика со кацига.

 

Кацигата е школката на бисерите во твојата глава.

 

Окото е пудинг од солзи во очна чашка.

 

Слики: LORELEI H BECKSTROM, Stuffed myths, 2012

ОкоБоли главаВицФото