Слобода за сите

27.05.2019 16:50

Во виорот бесмртен што плови
Следете ја слободата лудо.
Луѓето со крилја лебедови
Го веат знамето на трудот.
Очите на слободата се пламени,
Спореден, огнот е како - ладот,
Нека ги наземи иконите, на камен,
Нови ќе создаде гладот.
Да тргнеме заедно со песна пламена,
Напред - за слобода сите!
Воскресението за гибелта ќе биде заемно!
Ќе оживее секој повторно во дните.
Напред по патот на соништата,
Слушајќи ги звучните чекоти дур одиме.
Ако се оковани боговите,
И нив ќе ги ослободиме...

Превод: Ефтим Клетников

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото