Село во Индија каде садат 111 дрва секогаш кога ќе се роди девојче

28.05.2019 08:31
Село во Индија каде се садат 111 дрва секогаш кога ќе се роди девојче

  Во култура која историски повеќе го вреднува раѓањето на син, во селото Пиплантри во Индија била развиена традиција која не само што го слави раѓањето на ќерка, туку и е од полза за заедницата и за планетата. Имено, секогаш кога ќе се роди девојче тие садат 111 дрва. Оваа еко-свесна традиција била започната од поранешен поглавар на селото кога неговата ќерка починала на рана возраст. Оттогаш се насадени повеќе од 250 000 дрва, обезбедувајќи малку позелена иднина за секоја наредна генерација.

Како дел од традицијата во Пиплатнри селото исто така создава и „фонд“. Со придонеси од родителите на девојчето и од жителите на селото, се собира фонд од 31 000 рупии (500 американски долари). Сумата се трга настрана во дваесет годишен влог за девојчето. Таквиот влог обезбедува девојчето никогаш да не биде финансиски товар за семејството, и олеснува дел од стресот историски наметнат на семејствата да обезбедат мираз за ќерките при брак.


Како дел од прифаќањето на фондот, родителите потпишуваат заверена изјава дека нивната ќерка ќе се омажи единствено откако ќе стане полнолетна и ќе заврши соодветно образование. Дрвата насадени по нејзиното раѓање исто така мораат да добијат грижа.

Овие одредби помагаат да се заштитат правата на девојчето и да се промовира одржливост преку обезбедување дека овошните дрва можат да го поддржат растечкото население на заедницата.

Како дел од грижата за дрвата селаните садат алое околу нив за да помогнат да бидат заштитени од термити. Како дополнителна корист, овие растенија можат исто така да бидат употребени да се создадат разни производи и претставуваат извор на приходи за неколкумина селани.

Овие активности служат како надеж за иднината на родовата еднаквост и одржливост и сето тоа започнува со раѓањето на девојче.

 

Извор: Global Citizen

ОкоБоли главаВицФото