Оставете нè

28.05.2019 10:41

Заборавете на нас
на нашето поколение
живејте како луѓе
заборавете на нас

ние им завидувавме
на растенијата на камењата
на пците им завидувавме

сакам да сум стаорец
ѝ велев тогаш нејзе

сакам да ме нема
да заспијам сакам
по војната да се пробудам
зборуваше со склопени очи

заборавете на нас
не прашувајте за нашата младост
оставете нè

Превод: Петре Наковски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото