Знаете зошто пресушила реката?

28.05.2019 14:12
Знаете зошто пресушила реката?

Од ненасушна потреба за сочни информации.

- А од каде е лебов наш насушен?
- Од (би)блиски извори.

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Перо Георгиев, Немања Трајковиќ, Марија Каева, Златко Гиров и Александар Ристовски.

 

Тања Аждаја
- Добро, а знаете ли зошто пресушила реката?
- Од несигурни извори, дознавме.

Перо Георгиев
Од непресушни извори, дознавме.

Тања Аждаја
Од ненасушна потреба за сочни информации.
А од каде е лебов наш насушен?
- Од (би)блиски извори.

Немања Трајковиќ
Од кои, поточно?

Тања Аждаја
Ах да, поточното ми остана недоречено.

Немања Трајковиќ
Да не ти е забрането да протекуваш инфо?!

Тања Аждаја
Изумив ради наплив на емоции... А и не сум во тек до толку да ти кажам право.

Немања Трајковиќ
Прав Водител. Само оправаш криви Дрини.

Тања Аждаја
Меандерталец.

Немања Трајковиќ
Нит се водиш - нит се terraш.

Тања Аждаја
Мирна вода бубрег рони.

Марија Каева
Наводно преслушкувала. Така се жубори по рибарските мрежи.

Тања Аждаја
Тоа се само жабини деветини.

Марија Каева
Баш, како и с è во оваа држаба.

Тања Аждаја
Епа све паметни, све полноглавци.

Марија Каева
Остај, само владинските коњчиња држат до себе, они се инсекташи.

Тања Аждаја
Нив ни пајак не ги крева, ама и без тоа се на високо.

Марија Каева
Среќа се спасивме и запливавме во други води...

Тања Аждаја
Јас имам и глума за спашавање...

Марија Каева
Не се секирај, јас имам неколку трски во подземните води.

Тања Аждаја

Мислиш на пиратите откај рибите?

Марија Каева
Тоа е танја, Аждаја.

Тања Аждаја
Профаќам, многу икрено од твоја страна.

Марија Каева
Никогаш не се знае, а ние се вративме кон изворите само за да поправиме неколку жаби...

Златко Гиров
Поточните извори ја спасуваат реката од несигурни извори.

Александар Ристовски
Се правела мирна, си ги сронила бреговите.

Слики: The Royal Art Lodge

 

ОкоБоли главаВицФото