Што мисли Насредин Оџа за охриџани

28.05.2019 15:12
Виц икона

Го прашале Насредин Оџа што мисли за охриџани.

Исто мислам - рекол - ко шо мислел Григор Прличе.

Тој шо прашал не разбрал, оти не знаел да чита ниту катаревуса ниту кирилица, па Насредин морал да му дообјасни со анегдота:

-Во светот постојат седум ѓаволи; шест за целиот свет и седмиот за Охрид. Прес цел ден, шесте ѓаволи работат во светот, и ко ќе се стемнит, идет сите во Охрид, да му помогнет на седмиот.

Via Агрон Биба

 

ОкоБоли главаВицФото