1023 hPa
52 %
17 °C
Скопје - Чет, 13.11.2025 14:59
_31.jpg)
Во Занаетчиски дом – Куманово, денеска (29 мај), во организација на Фото-кино клуб „Козјак“, се одржува првото издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Филмај“.
На овогодинешниот конкурс се пријавија 45 филма од Северна Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Холандија, Турција и САД.
Трочленото жири составено од Ивица Димитријевиќ (актер, режисер), Мартин Иванов (монтажер, режисер) и Драган Денковски (почесен член на фото-кино клуб `Козјак` – Куманово) ги додели следниве признанија: награда „Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија на Ото Ројшел (Otto Reuschel) за филмот „Риски“ (RISKI), награда „Радислав Ристевски“ за најдобра кинематографија за Росен Савков за филмот „Тими“ (Timmy) и награда „Козјак“ за најдобро сценарио за Лидија Мојсовска за „Награда“ (Тhe Award).
Додатни дипломи за особено признание е одлучено да се доделат на следниве филмови: „ХАКИЕ – ХАКИ“ , „Живеејќи како маж“ на Анабела Ангеловска, „Запирка“ на Сезер Салихи, „Мишко“ на Ханис Багашов, и „Заб“ на Ајдин Ислами. Сите горенаведени седум филма ќе бидат прикажани во фестивалската вечер. Влезот ќе биде слободен за сите посетители.